Search for content, post, videos

Гаспар Јуркиевич -францускиот дизајнер

       Најпознат по своите диви и невообичаени презентации на моделите на модните писти, францускиот дизајнер

Гаспар Јуркиевич станува се попознат како креатор кој својата работа ја насочува кон моделите за млади момчиња и девојки кои сакаат да носат “улична” и урбана гардероба која во себе. Содржи малку париски шмек.

Роден е во Париз на 16 мај 1972-рата година. Во текот на детството модата воопшто не го интересирала. Во овој фасцинантен свет влегол сосема случајно. А потоа го примиле на познатото Студио Беркот, каде што ги научил основните и главните работи за модата, каде што студирал од 1991-та до 1993-та година. Потоа, финесите ги усовршил стажирајќи кај најдобрите – Жан Пол Готје, Тери Муглер и Жан Колона. За да ја покаже својата
вештина, односно да дознае колку навистина вреди неговата работа, парижанецот се пријавил на неколку натпреварувања.
Еден од нив бил и Меѓународниот фестивал на уметност и мода во Херес (мај 1997-ма година), каде што
КРЕАТОРИ НА СТИЛОТ  Урбаниот моден револуционер – ГАСПАР ЈУРКИЕВИЧ
Со Гаспар Јуркиевич секогаш треба да го очекувате неочекуваното!!! ја освоил првата награда за неговата женска колекција, но и третата награда на Швајцарија. Следната 1998-ма година, Јуркиевич ја освоил АНДАМ наградата.
За да си ги прошири гледиштата во однос на внатрешните случувања во модниот свет, Гаспар се вработил како
ПР во одделот за односи со јавноста, и организирал и ги подготвувал до последниот детаљ модните ревии за Изабел
Рок. Со неа останал две години.
Во 1998-та година, за време на модната недела во Париз, на која се презентирале моделите за сезоната есен/зима
1999 година, тој ја претставил својата самостојна дебитантска колекција, наречена “Distressed”. Во 1999-та година тој создал посебна колекција за Ле Редобут и Присуник/Монопри.

Неговите креации се интересни, необични, младешки и енергични. Тој не се плаши да ризикува и да оди во крајности, посебно во претставувањето на моделите на самите ревии. Гаспар се нашол на сите насловни страници на весниците во Франција кога во 2004-та година ја претставил машката пролетна колекција – младите момчиња движејќи се на пистата застанувале и со мимики ги прикажувале сите сексуални пози во кои би можел (и би сакал) да се најде секој сексуално гладен маж. Секако, моделите биле целосно облечени, но сексуалната конотација била највпечатливата работа што ја забележал секој што седел во публиката.

И во 2005-та година Јуркиевич повторно ја шокирал публиката при претставувањето на машката колекција за таа пролет – на модната писта наместо модели се појавиле танчери, кои покажале како навистина треба да изгледа неговата облека и повторно танцувале на предизвикувачки, сексуален начин.
Од друга страна, тука се и женските колекции. Тие се пософистицирани, а сепак многу поедноставни од машките (кои честопати ги оставаат посетителите на ревиите со подотворена уста). Женските колекции се полни со детали, впечатливи деколтеа, едноставни линии.
Но, најважниот дел е дека самиот Јуркиевич ги дизајнира и чевлите за своите модели. Тие се неговата најголема страст. Женските колекции се вистински свеж микс на модерен и урбан стил. Најновата од нив е колекцијата за оваа пролет, едноставно наречена “Ѕ”.

Јуркиевич инспирацијата за своите колекции ја црпи од секаде – уметници, музичари и уличната сцена. Но, дизајнира и за луксузни брендови како Јагуар, Де Биарс, Ван Клеф и Арпелс. Сепак неговиот најголем интерес е поврзан со француската модна марка Родие – тој е уметнички директор на оваа компанија.
“Порано имав свој свет, никогаш не ми беше здодевно, цртав. Обожавав да пеам и да танцувам-обожавав музика. Бев заљубен во Дајана Рос. А тука е и уникатната идеја на телото- застрашувачки!!! Креирам, а потоа ги облекувам пријателите. Тие ја носат и ја тестираат мојата облека. И понатаму сум многу критичен кон себе.”

Но повеќе од облеката сака да дизајнира чевли. Вели, тоа му оди уште полесно од создавањето облека.
“Влегов во модниот бизнис сосема наивно и слободно. И сакав да наметнам свој стил и идентитет. Создадов
чувство помеѓу духот и телото, врска помеѓу постоечкото, модерното и традицијата.
Филозофијата на нашиот бренд е дека секое парче облека е најдобриот пријател на човекот за тој ден. Денес, пристапот се разликува.
Машките колекции се инспирирани од женските. Моите колекции егзистираат сами за себе.”
Навистина, од Јуркиевич може да се очекува само неочекуваното!!!