Search for content, post, videos

Генијална глупавост

Најголемата глупост што еден човек може да ја направи е да прифати било каква имитација, да отфрли секаква инспирација и да си ја уништи фантазијата. Станавме робови на бесплодните теми на живеење, ги хендикепиравме душите за било каква продуктивна надградба, ја уништивме секоја клетка од корисното, од талентот кој секој го поседува, ја замативме радоста, го заробивме духот… Секоја чест на оние кои живеат оригинален живот без трошка глупавост во себеси, но чисто се сомневам дека постои некој таков. Поентата не е да бидеме совршени, бидејќи вистината е дека не е возможно тоа. Поентата е да бидеме способни за стремење кон подобрувањето на себеси. И знам дека во животот се си има своја причина и последица од нешто. Сите нешта имаат објаснување за своето започнување, траење и завршување. И нормално, за своето опстојување. Затоа, место негативноста, ставете ја на испит издржливоста, радоста, инспирацијата, среќата, креативноста… и неизмерната љубов во срцето.

продолжува…

Надица Пушкоска