Search for content, post, videos

Го откривте ли БИСЕРОТ

 

 

Дали ви се случило да се разбудите еден ден со сознанието дека сте дошле до генијално откритие? Сосема неочекувано сте ја пронашле најретката школка на светот. Со најскапоцениот бисер во неа. Неверојатно, но тој цело време бил скриен во вас. Бисерот на мудроста. За смислата на вашиот живот.

И вие го откривте токму сега. Среде сите нервози и стравови наеднаш се будите и сваќате  дека е време да престанете да се надевате  и да чекате нешто да се промени…да чекате среќата, сигурноста и стабилноста да се појават на хоризонтот галопирајќи право во вашиот правец. Одеднаш се будите со фактот дека не сте совршена, дека нема секогаш сите да ве сакаат, ценат и да ве поддржуваат. Нормално. Но, дури сега сваќате дека е нормално. Дека сите имаат право на свои погледи и мислења. Конечно ја сваќате важноста да се сакате себе си.И во текот на тој процес на самопризнавање ви се раѓа новооткриена самодоверба.

Сваќате дека луѓето не секогаш го кажуваат она што го мислат, нуту пак го мислат она што го кажуваат, а понекогаш дури и самите не се познаваат. И сваќате дека нема секогаш да бидат покрај вас и да ве поддржуваат во сѐ.

Престанувате да судите и да оценувате и започнувате да ги прифаќате луѓето такви какви што се, ги прифаќате човековите слабости и мани, а тоа ви дава чувство на мир во душата. Сфаќате  дека начинот на кој се гледате себеси и светот околу вас е резултат на сите пораки и мислења кои се насобрале во психата со текот на времето.

Новооткриената вие  почнува да ги преоценува своите ставови поврзани со однесувањето, изгледот, тежината, облекувањето… И со сваќањата за тоа што и каде  купувате, што и да возите, каде да живеете и што да работите, со кого треба да спиете, за кого да се омажите и што да очекувате од бракот, колку ви е важно да имате деца и што им должите на родителите. Почнувате да прифаќате нови светови и различни погледи. И започнувате да ги редефинирате постоечките сфаќања за тоа која сте  и што сте.

Констатирате дека не знаете се. И дека не можете да го спасите светот. Ја препознавате разликата помеѓу вината и одговорноста. И важноста да се постават да се постават граници и да се каже не. Врските пожнувате да ги гледате такви какви што се, а не какви што сакате да бидат. Престанувате да ги контролирате  луѓето, ситуациите и настаните.

Го прифаќате фактот дека надворешниот изглед никогаш нема да ви биде совршен. И престанувате да  ги потиснувате чувствата  да ги израмнувате нештата, да ги игнорирате сопствените потреби, зашто сваќате дека заслужувате другите да се однесуваат кон вас со љубов, љубезност  и почитување.Сфаќате дека заморот го уништува духот и создава сомнежи и стравови. Затоа, најдете време за одмор. Храната е гориво за телото, смеата е гориво за духот, а плачењето ја прочистува болката. Потиснувањето на болката не прави слаби. Во ред е да се плаче, тоа е начин на ослободување на болката. Откако целосно ќе ја почувствуваме стануваме силни.

Од дене знаете дека треба почесто да се смеете и шегувате. Зашто најчесто го добивате она што веруваме дека го заслужуваме. Најголем дел од животот е пророштво кое самото се исполнува. Повеќе од јасно е дека она што вреди да се постигне , вреди и да се работи на него и дека посакувањето нешто да се случи не е исто што и да се работи на него. Најважно, сваќате дека за да постигнете успех потребна е насока, дисциплина и упорност.

Исто така сфаќате дека никој не може сам и дека треба да се ризикува и да се побара помош. Единствената работа од која навистина треба да се плашиме  е стравот. Затоа, веќе знаете како да зачекорите и да се соочите со вашите стравови, зашто знаете дека што и да се случи ќе успеете да ги намалите.

Свесна сте дека треба да се борите за животот, а не да потклекнувате под облакот на судбината. Животот не  е секогаш фер и не го добиваме секогаш она што го заслужуваме и понекогаш лоши работи им се случуваат на добрите луѓе, нели? Затоа работите не треба да се сваќаат лично. Сега го знаете тоа.

И знаете дека треба да превземете одговорност за сопствените активности. И да се соочите со злото. А негативните чувства како што е лутината, зависта и презирот умеете да ги препознаете, сфатите и пренасочите, зашто во спротивно ќе ја  затрујат вашата околина и ќе ве задушат. И знаете дека треба да признаете кога не сте во право. Зашто треба да се градат мостови, а не ѕидови.

Повеќе од јасно ви е дека треба да бидете благодарна и да уживате во малите нешта кои сте научиле да ги земате здраво за готово, нешта за кои, милиони луѓе во светот можат само да сонуваат: полн фрижидер, чиста вода за пиење, топол кревет, миризлива бања. Полека почнувате да преземате одговорност за себе и си ветувате дека никогаш нема да се изневерите себеси и да прифатите  ништо помалку од она што срцето ви го посакува.

Си поставувате задача  да се смеете, да верувате  и да бидете отворена за секоја прекрасна можност.

И конечно со храброст во срцето и радост во духот сфаќате дека сте го откриле најскапоцениот бисер…. Во себе! Па земате воздух …. и почнувате да го креирате животот така како што вие  сакате да го поживеете.