Search for content, post, videos

ГРАДОТ во душата

Фондацијата „Никола Кљусев“ со поддршка од Град Скопје, оваа година за прв пат го спроведе литературниот конкурс „Градот во душата“, во кој директни учесници беа учениците од средните училишта на Град Скопје.
Со цел да се поттикне творештвото и креативноста кај младите, проектот вклучи пишани творби (проза или поезија) на македонски јазик на зададена тема. Темата на овогодинешниот литературен конкурс беше: „Градот во душата“. Се надеваме дека овој литературен конкурс ќе прерасне во традиционален конкурс.
Пристигнаа голем број творби од средните училишта на Град Скопје. Селектиран број на прозни и поетски творби објавени се во печатеното издание „Градот во душата“, како и во електронската книга.
Наградени се следниве ученици:
1. Лука Иванов IV – 7, СУГСГ „Раде Јовчевски Корчагин“- Скопје
2. Теодора Прокоповска I-3, СУГС „Никола Карев” – Скопје
3. Бојан Димовски II-3, СУГС Георги Димитров – Скопје
4. Марко Бојаровски IV-1 фт, СМУГС ,,Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје
Наградените ќе добијат можност да учествуваат во Еразмус + проектите, кои Фондацијата „Никола Кљусев“ ги организира во соработка со партнери од други европски држави, а ќе добијат и комплет книги од нашите изданија. Проектот е поддржан од Град Скопје.
Младите се иднината на нашата држава. Нивниот талент и насока треба да се негуваат од најраната возраст. Преку поттикнување на творештвото кај младите сакаме да им помогнеме да ја откријат својата дарба и да ја развиваат креативноста и убавиот збор, а со постигнатиот успех да им послужат за пример на своите соученици.
С.Ј.