Search for content, post, videos

Густи или долги трепки?

Синтетичките четкички ги раздвојуваат трепките и не создаваат грутки, а тркалезните четкички ги прават погусти. Ако имате чувствителни очи, тогаш водоотпорна маскара вам ќе ви пречи…
Маскарата е незаобиколен дел од секоја женска тоалетна торбичка, но жените честопати грешат мислејќи дека иста форма на четкичка им одговара на сите очи и дека ги прави трепките слични ако не и исти. Така на пример, синтетичката четкичка ги продолжува трепките, а гумените четкички се идеални за средно густи трепки. Одберете ја вашата зависно од она што сакате да го постигнете…

Синтетичка четкичка за подолги трепки
Долгата синтетичка четкичка со стеснети врвови ги раздвојува трепките и не остава грутчиња. Визуелно ги продолжува, а стеснетиот врв овозможува прецизно нанесување на маскарата дури и во аглите на самите очи.

Погусти трепки со тркалезна четкичка
Гумената тркалезна четкичка со погусти влакненца е совршена за жените кои сакаат погусти трепки без дополнителен ефект на продолжување. Не претерувајте со слоевите затоа што можат да ви се направат грутчиња.

 

 

Базата ги згуснува трепките
Ако трепките ви се тенки, ретки или кратки, пред да ја нанесете маскарата, нанесете база. Таа служи да ги нахрани и зајакне трепките, а воедно и ќе направи да изгледаат погусти кога ќе ја нанесете маскарата врз нив. Овој заштитен слој го спречува и опаѓањето на трепките.

 

 

Ефектот – вештачки трепки
Четкичката со влакненца за продолжување на трепките ги издолжува врвовите на трепките, а доволно е да се нанесат два слоја маскара. Така се создава ефектот вештачки трепки, а совршено се комбинира со таканаречениот изглед „smokey eyes“.

„Топче“ за мачкест изглед
Ако сакате да добиете поглед како мачка, поточно да ги истакнете надворешните рабови на трепките, користете маскара со тркалезна четкичка и долги влакна кои наликуваат на топче. Четкичката е дизајнирана на тој начин да можете лесно да ги нагласите аглите и да ја нагласите бадемастата форма на очите.

 

 

Извиената четкичка го поткрева средниот дел од трепките
За трепките да ви изгледаат како да сте ги навиткале, маскарата нанесете ја со извиена четкичка. Нанесете два слоја, но притоа внимавајте низ трепките да минувате со порамниот дел на четкичката. Така ќе го поткренете и „навиткате“ средниот дел од трепките.