Search for content, post, videos

Хотел Аквариум во Берлин

Најграндиозниот  хотелски  аквариум  во светот – Radisson Blu Хотелот во Берлин можби  изгледа како  уште еден луксузен хотел, но штом ќе  влезете внатре, ќе бидете пријатни издненадени  од  огромениот висок 82-метри аквариум во  лобито на хотелот. За жал, посетителите не можат да нуркаат во Aquadom, може само да се извозат со внатрешниот  лифт по средината на аквариумот, како утешна прошетка за време на која ќе научат за  тропските риби жители на овој прекрасен аквариум.

Radisson Blu Hotel во Берлин, Германија го има најграндиозниот аквариум во светот, аквариум кој не само што е раскошен со риби, туку има и вграден лифт во него. Чувството да се возите во лифт, а истовремено да гледате како риби пливаат околу вас е навистина воодушевувачко.  Она што прво ќе ве привлече кај овој гламурозен аквариум е цилиндричното акрилно стакло високо дваесет и пет метри, во кое има вградено лифт. Необичниот аквариум е лоциран во хотелот Radisson Blu. Целиот комплекс вклучува хотел, канцеларии, ресторан и аквариумскиот Sea Life Centre.

Ова ремек дело, отворено во 2004 година, чинело 12, 8 милиони евра. Целокупната изградба на аквариумот е дизајнирана и направена од страна на International Concept Management, Inc, а акрилниот цилиндар е конструиран од страна на американската компанија Reynolds Polymer Technology. Надворешниот цилиндар е направен од четири дела, додека внатрешниот е направен од едно парче. Овој аквариум е најголемиот цилиндричен аквариум во светот, кој има дијаметар 11(единаесет) метри и е изграден на основа висока девет метри. Внатрешноста, исполнета со 1. 000.000 (милион) литри вода, содржи 1.500 риби, кои ги има околу шеесетина видови риби, за кои е потребно десет килограми храна дневно.

Овој прекрасен хотел во Берлин со својата неверојатна атракција AquaDom е вистинско свртувалиште на посетителите.  Посетителите едноставно се восхитуваат на овој Аква Дом, поточно лифт во аквариум. Најголемиот светски цилиндричен аквариум наречен  AquaDom е токму  централниот дел на овој елегантен хотел кој се наоѓа во срцето на градот. Нуди низа на услуги за гостите, хотелот обезбедува бесплатно стрес патување и престој во аквариумот.

Хотелот има запослено професионални нуркачи кои постојано се грижат за аквариумот, околу хранењето на рибите и неговото чистење. Интересна е глетката кога нуркачите се внатре во аквариумот, ппливаат меѓу рибите, а вие се возите во лифтот.

Посетителите се добредојдени да го посматраат резервоарот со вода односно аквариумот преку стаклениот лифт кој патува до центарот на аквариум и ги остава гостите на платформа за посматрање, под самиот стаклен покрив на хотелот. Тука тие можат да уживаат во морето-аквариум, и да го доживеат овој спектакл  на сосема поинаков начин.

Аквариумот, исто така делува како динамичен светлосен филтер, менувањето на квалитет и интензитет на светлина во просторот во текот на денот е воодушевувачка. Ако сте заинтересирани за “спиење“ со рибите , хотелот Радисон Блу за таа намена има посебни соби чија сума се движи од 180 евра по ноќ, па нагоре. Хотелот има 427 апартмани со фантастичен поглед на тропски подводниот свет, а за оние кои патат од морска болест се обезбедуваат  соби  со поглед на градот Берлин.

Силвана Јованчева