Search for content, post, videos

И премногу зборување не чини…

 

 

Еден од најчесто повторуваните совети за врските е секако онојза една врска да опстои партнерите мора многу да разговараат. Но проблемот е тоа што многу жени го сфаќаат и прифаќаат овој совет буквално, па со партнерот трчаат да зборуваат за буквално секоја ситница што некогаш знае да доведе, за жал, до распад на врската.

Секако, разговорот меѓу партнерите е навистина неопходен, особено кога станува збор за разговор околу настанати проблеми и нивно решавање. Кога партнерите не комуницираат доволно, со текот на времето значително се оддалечуваат, и стануваат странци еден кон друг. Сепак, комуникацијата не мора да биде вербална, а премногу текст може да биде и преголем товар за врската.

Кога жената е нерасположена и мажот ја прашува што и  е, таа честопати одговара „Ништо”, па очекува тој и понатаму да ја испрашува, да инсистира таа да му каже во што е проблемот – додека мажот ќе претпостави дека таа сака да биде оставена насамо да размисли за проблемот, дека не сака да го продлабочува проблемот така што ќе зборува за него, па ќе ја почитува претпоставената желба и нема понатаму да ја испрашува. Од друга страна, пак, кога жената ќе го праша мажот што му е, а тој ќе и одговори „Ништо”, таа продолжува да го испрашува, уверена дека тој сигурно го сака тоа, но можеби се двоуми дали воопшто да ја оптоварува со својот проблем. На таков начин всушност жените ги нервираат мажите, кои во тие мигови едноставно сакаат да бидат оставени сами со себе и со проблемот во главата.

Разговор во доволна количина

Решението на проблемот всушност лежи во внимателното наслушнување на потребите на оној другиот и во почитувањето на тие потреби, дури и ако не се исти со потребите кои самата ги имате. Кога партнерите ќе почнат да разговараат за секоја ситница и едноставно не умет да застанат, тоа честопати доведува до бесмислено долги кавги за не особено важни нешта, па и до судир поради, најчесто, ситници и небитни нешта.

Се прашувате, како да одредите колкава количина разговор е всушност доволно? Е па вака, тргнете од паролата дека со партнерот пред се треба да зборувате за крупните проблеми – се она што е помалку битно ќе се реши вака или онака, порано или подоцна. Но, во секој случај, поневажните работи е подобро да се остават да се решат така, самите од себе, отколку домот да го претворите во судница за вкрстено испрашување. Тоа може да ви ја наруши врската и да доведе до продлабочување на меѓусебните проблеми. Наместо тоа, кога следниот пат ќе забележите дека на вашиот партнер „не му се сите карти на број” и едноставно не сака да зборува зошто се чувствува така, пријдете му и нежно прегрнете го. Со тоа ќе му покажете дека сте покрај него и кога му е тешко. А овој мал гест за него ќе значи цело богатство!