Search for content, post, videos

Идејата…. првиот чекор до успехот

 

Ако имате идеја, на чекор сте до реализацијата. А штом ќе почнете со реализација, ве дели уште малку до успехот.
Ова мото треба да ви биде часовинк-будилник секое утро во секој нов ден, особено во ова време кога сите се чувствуваме притиснати од животот. Некој со помал, некој со поголем товар на грбот, честопати забораваме на најважниот двигател во животот – самопоттикот. Лесно се препуштаме на секојдневието, го прелетуваме како низ страницата на здодевна книга, а потоа кога ќе стигнеме до одреден дел од истата таа книга всушност не се ни сеќаваме “што сме почитале”. Е тоа се вели – попусто изгубено време, или кажано народски – се губиме во просторот и времето.
Секојдневно читаме и слушаме за разни проблеми, за можни решенија на истите, разговараме, понекогаш и размислуваме за тоа, но најважното ретко го правиме – забораваме да се исправиме самите пред себе и да се поттикнеме. Можеби е до тоа што ние сме едноставно таков народ, навикнат да се пожали, да си поплаче врз судбината. Но ние сме и народ кој е научен да минува низ разни премрежиња и да се соочува со секакви можни животни ситуации. Едноставно, затоа што така не воспитале, затоа што многу сме искусиле и затоа што низ времето сме живееле со приказните за тоа што се може да ни донесе новиот ден.
Токму затоа, исправени пред предизвиците на живеењето, многу е важно – самопоттикнувањето. Тоа значи верба во себе дека можеме се. Ако веќе ќе се убедиме во тоа, или поточно ќе се охрабриме во мислата дека сме способни за се, важно е да поработиме на идејата. Безидејноста а најголемото затапување на личноста. А таа се јавува кога ќе решиме да ги кренеме рацете од се, кога ќе се затвориме во својата тага или кога ќе се предадеме пред неуспехот.
Неуспехот не значи и крај. Разочарувањето не значи и несреќа. Напротив. Во тие мигови најважен е самопоттикот и себевреднувањето. Идејата!
Кога ќе му свртите грб на разочарувањето и ќе се поттикнете да размислувате, идејата ќе се роди веднаш. Идеја како да си помогнете, идеја што да направите, идеја што да остварите. Верувајте, веднаш ќе се почувствувате подобро. Зашто идеите се како адреналин. Не движат напред и ни даваат нова визија за животот. Со идеите едноставно сме на чекор до успехот. А успехот е она што ни го поплочува патот по кој чекориме.
Живејте со своите идеи. Не предавајте се туку размислувајте пред се позитивно, и конструктивно. Само така ќе се одбраните себеси од негатините предизвици на живеењето!
Слаѓана Тошиќ