Search for content, post, videos

Иднина или не! Портабл соба за преспивање

Sleeping box – Портабл соба за преспивање

Замислете да се одморите и преспиете во ваков вид на сместување кога поминувате низ градовите во светот. Ефтино сместување во итен случај за сите патници и богати и сиромашни. Во случаи кога нема време да се бара хотелско сместување ова е вистинсо решение.

Станува збор за мала кутија таканаречена соба за преспивање, со димензии 2 метри х 1,40 метри х 2,30 метри, која служи за спиење на места каде има премногу луѓе, а хотелите се  преполни или подалеку и недостапни во дадените услови. Такви места се железничките станици, аедродромите, трговските центри и слични на нив места, а може да бидат и самите улици. Засега ваквите соби за преспивање се во употреба во Русија, од каде потекнува и групацијата која ги проектирала овие мали соби за преспивање, познатата Арцх Гроуп. Во моментов исти вакви соби за преспивање се поставени и во Дубаи.

 

“Кутиите“ за спиење се многу практични, заземаат мал простор, а имаат многу голема корист  со тоа што патниците можат слободно да се одморат за време на паузите помеѓу два лета, или додека чекаат воз или автобус за некоја  своја следна дестинација. Прекрасна идеја во корист на патниците.

Во оваа “кутија“ за спиење(sleeping box) како што ја нарекле самите изумители, може да се преспие и помине ноќта безбедно и ефтино, во случај да во моментот нема некое друго сместување, а треба да се преспие или да се одмори. Или воопштво кога на човек му треба мал одмор од час или два.

Во оваа “кутија“ има кревет со автоматско менување на постелината, има вентилација, а тука се и звучните аларми, телевизор, стерео уреди, платформа за лаптоп, како и штеќер за полнач на мобилен телефон. Значи комплетно опремен со електрични уреди. Во долниот ден има простор за багажот и се што патникот носи со себе.

Собата за преспивање се отвора со електронски клуч кој се добива при наемот за одреден број на часови за кое време ќе се користи овој простор.

Оваа “кутија“ можете да ја изнајмите за онолку време колку вам ви треба да се одморите. Се изнајмува и за време од 15 минути, а и за подолг период.

Во секој случај многу инвентивно и практично решение за малку пари. Браво за идејата.

Силвана Јованчева