Search for content, post, videos

Игра во детската соба

 

Искуствата на нашите баби укажуваат на значењето кое на нив го оставила спонтаната игра. Играта со природните материјали во природното окружување се само исечоци од детството на кое со задоволство се сеќаваат. Имаат ли денес децата доволно простор за спонтана игра или, пак, настапија некои нови времиња?
Важноста на играта
Играта на детето му е потребна за целосен развој на телото, интелектот и карактерот, исто како што се храната, домот, свежиот воздух, вежбите и одморот. Изборот на соодветните играчки, окружувањето з аигра, времето за игра и пријатели се од најголема важност за децата. Играта е форма на физичко и ментално соединување, со цел да се постигне емоционално задоволство.
Во реализацијата на играта постојат четири важни компоненти – играчки, окружување за игра, време за и гра и другарчиња за играње.
* Играчките мора да бидат прилагодени на детската возраст и степенот на развој. Не смее да бидат премалку бидејќи на детето ќе му недостасува стимулација, но ни премногу бидејќи детето ќе биде збунето и деконцентрирано.
* Окружувањето за игра е потребно за слободните активности, секое дете мора да поседува сопствена територија кое ќе ја доживува како сигурно оружје.
* Времето за игра мора да биде разумно, мирно и предвидено. Мора да биде соодветно исполнета за зададените активности, без прекини кои предизвикуваат фрустрации или премногу долго што доведува до здодевност, осаменост или чувство на помала вредност.
* Другарчиња во играта се потребни во сите степени на развој. Охрабрувањето на постарите е потребно во играта на детето помало од 2 и пол години, кое се уште не е свесно за апстрактните поими како што се еднакви права, делење и заедничка игра со другите.
Видови игри
Детето почнува да си игра штом ќе се ослободи од бебешките рефлекси. Доживувањето на задоволството зависи од постојаното охрабрување од постарите како и употреба на соодветни играчки и останата опрема. Играта може да се подели на активна, истражувачка, имитирачка, конструктивно-уверлива и игра со правила (победи, порази).
Различните видови игра се случуваат во понапредните фази, како што детето учи да ги употреби своите први сетила и моторички активности за да ги унапреди своите способности низ комуникација и креативност.
1. Активната игра подразбира “груба моторика” – контрола на главата, телото, екстремитетите за време на седењето, ползењето, стоењето, трчањето, качувањето, скокањето, фрлањето, удирањето… Тесно е поврзана со промоцијата на физичкиот развој и потребата за користење на слободниот простор за движење,
2. Истражувачката и манипулативна игра започнува од 3тиот месец кога детето си игра со прстињата, со контролата на грубата моторика, фината моторика и функционирањето на сетилата. Овие компоненти се важни не само за стечената координација рака – око туку и за обидите за локализирање на секојдневните звуци, препознавање на трајноста на формата и за учење на значењето простор и време.
3. Имитирањето започнува многу рано во повремени епизоди, а станува евидентно меѓу 7-9 месец. Тоа подразбира способност на детето да го контролира телото, да манипулира со објектите. Играта со имитација е потребна за детето не само да го научи најбрзиот и најафективниот начин на изведба на важните акции, туку и за да ги разбере различните улоги на возрасните и одговорност.
4. Конструктивната игра започнува со едноставни коцки на возраст од 18-20 месеци и бара познавање на споменатите моторички и сетилни способности, заедно со зголемените можности за употреба на интелектуалните процеси вклучени во препознавањето и употребата на примените информации.
5. Игрите со правила бараат висок степен на вештина во сите потребни форми, вклучително и целосно разбирање и прифаќање на апстракциите вклучени во делењето и чекањето на ред. Најчесто започнуваат во 4тата година од животот, кога мали групо предшколски деца под стручно водство импровизираат правила за кооперативна игра. Групните игри со натпреварувачки дух кај постарите деца мора да бидат исклучиво според одредени правила.