Search for content, post, videos

Исцелување без лекови…

Како да ја исцелиме душата и чувствата со помош на душевниот мир? Ќе речеме – да, тоа е можно, но како можеме да го исцелиме телото без лекови? Возможно е. Исцелувањето без лекови е единственото вистинско исцелување. Лековите не лекуваат, тие само ја отстрануваат болката привремено. Со нив организмот престанува да чувствува дека е болен. Со лековите ја исклучуваме неговата будност, како да му велиме: „Се е во ред бидејќи повеќе не чувствувам болка“. Но доколку не боли, можеме ли да се стремиме кон исцелување? Организмот е се уште болен, но заради лековите не го чувствуваме тоа, а работите истовремено се приближуваат кон катастрофа.
Болеста обично ја добиваме како резултат на исцрпеност, долготрајно чувство на непријатност или душевна болка. Вистинското исцелување започува во нашата свест. Кога свеста е болна, болен е и организмот. Кога во свеста царува хармонијата тогаш во организмот се вклучуваат сите исцелувачки сили на организмот и ние оздравуваме.
За да бидеме здрави треба да ги засилиме здравствените функции на целиот организам. Да го излекуваме целиот организам, значи да се избориме со болестите. Во медицината се е поставено обратно: таа смета дека се станува здрав доколку ја излекуваме болеста. Некои лекари од западните земји се обидуваат да лекуваат одделни органи, како човечкиот организам да не е единствен целосен систем, туку музеј кој се состои од одделни неповрзани експонати. Зар може да биде болен еден орган, ако целиот организам е здрав? Треба да се има сосема друг пристап – стани здрав и болестите ќе исчезнат.
Доколку ве мачи настинка – проверете што е со вашиот црн дроб. Доколку ве болат ушите – отстранете ја непријатноста во цревата. Во случај на несоница – обрнете внимание на бубрезите. Во организамот ништо не се случува без взаемна врска со другите органи. Во него ништо не работи изолирано – се е зависно едно од друго. Откако во себе ќе го откриете здравиот дел, од ден на ден непрекинато ќе се движите кон исцелувањето. Не е важна каква е вашата дијагноза – заборавете на неа. Не размислувајте за дијагнозата и за болеста, размислувајте за здравјето. Концентрирајте се на здравјето и не размислувајте за болестите па така тие ќе почнат да исчезнуваат.
Луѓето најчесто мислат дека болеста е случајност, неразбирање или резултат на нивна грешка – биле лесно облечени кога било студено, стоеле изложени на ветер и се разболеле. Но и други луѓе истиот тој студен ден биле лесно облечени, си ги наводениле нозете и стоеле на ветрот, но не се разболеле. Значи болеста не е случајна и воопшто не зависи од времето или од другите надворешни услови. Испитувањата покажале дека штетни микроорганизми постојат во организмот на сите луѓе, но зошто кај едни почнуваат да се размножуваат и да предизвикуваат болести, а кај другите не?
Недостатокот на енергија го намалува имунитетот кај луѓето и тие тогаш се разболуваат. Поздрава енергија има во оној кој не ги нарушува законите на природата и благодарение на тоа не го задушува гласот на исцелувачките сили во својот организам. Значи, постои еден начин да се избориме со болестите: да го откриеме во себе изворот на здрава енергија, да го развиеме и да ги совладаме негативните енергии на нездравите чувства и мисли кои предизвикуваат болести. Затоа треба да ги одбегнуваме негативните чувства кои тлеат во нас, да го поттикнуваме во себе творечкото расположение и да водиме здрав начин на живот, правилно да се храниме и да пиеме многу вода, да практикуваме некаква физичка активност, умот да ни е постојано активен, сонот да ни биде здрав, но и постојано длабоко и бавно да дишеме со што ќе ги исфрлиме отровите од нашето тело. Зошто да ги бараме тешките и непроодни патишта кон самоизлекување, кога патот е многу покус отколку што мислиме.

СПАС ОД БОЛКА
Болката како чувство одамна станала предмет на испитување на медицината, но таа се уште не дошла до конечниот заклучок за нејзината природа. Суштината на болката не е испитана до крај. Која е причината на болката? Често пати причина може да бидат дури вообичаените реакции на организамот, на пример ако дојде до општо влошување на условите за живот на организмот. Ако неправилно се храниме, ако ја немаме неопходната физичка активност, ако го нарушуваме здравјето со неправилното држење, ако го труеме телото со разни пороци, немаме здрав сон, неправилно дишеме, и доколку не го смениме начинот на живот и механизмот на мислите сето тоа ќе допринесе еден ден во нас да се всели болест.
Најчесто луѓето на болката реагираат неправилно. Кога нешто ќе ги заболи, веднаш земаат таблетка наместо да се запрашаат: Дали добро се хранам? Дали доволно се движам? Имам ли здрав сон? Можеби сум заробеник на лошите навики? Меѓутоа болката се повторува штом ќе заврши дејството на таблетите. Таблетата е самоизмама, но организмот не можете да го измамите. Тој секако ќе ви каже дека е болен, тој секако ќе реагира со болка доколку не преземете вистински мерки за самоисцелување. Бидејќи болката не е ништо друго освен глас на нашиот организам, а тој не умее да разговара на друг начин. Само со помош на болката може да ни соопшти дека со него нешто не е во ред. Наша задача е не да го задушуваме гласот на болката со таблети, туку да го наслушнуваме, па проникнеме во неговиот повик, да го чуеме што се обидува да ни соопшти.
Доколку не се бориме против болката, туку се обидуваме да го наслушнеме нејзиниот глас, ја прифаќаме и ја разбираме, без оглед на тоа колку е непријатна, тогаш болеста сама ќе ни ги покаже причините и ќе ни го покаже патот за нејзино надминување. Но од болката не треба да бегаме, да ја бркаме, да се криеме од неа, туку треба да и тргнеме во пресрет. Таквиот чекор бара храброст, но доколку сакаме да оздравиме, мора да бидеме храбри и да го направиме тој чекор.
Едно од правилата на силниот човек гласи: не бегајте од стравот. Исто така не треба да бегаме од болката. Стравот, кому сме му погледнале в очи, од непријател се претвора во сојузник. Стравот од болеста не лишува од силата. Кога ќе собереме храброст и на болката и погледнеме в очи, таа ја губи моќта, а ние ја добиваме битката.

Во секој човек се крие внатрешна мудрост. Таа мудрост не мора да дава глас од себе. Таа живее во нас, а заедно со неа и внатрешната сила. Дадено ни е за да се исцелиме и да се спасиме од страдањето. Нашата внатрешна сила само чека кога ќе се отвориме за неа. Да се излекуваме себеси, да го излекуваме телото и духот. Тоа не ни треба само нам, туку на целото човештво кое со векови тоне во страдање. Можеме да се спасиме од страдањето.
Не жалете и не штедете ја силата која е во вас, сторете се за животот да престане да ви минува проткаен со болести и тага. Нека биде празник на здравјето и радоста.

Силвана Јованчева