Search for content, post, videos

Истрајност до точка на вриење

Јас не живеам по туѓите теории, но сепак работам по нивните планови. Јас не ги сакам туѓите зборови, но сепак ги слушам и слепо верувам во нив. Јас не почитувам нечии размислувања, но сепак дозволувам да ми го срушат животот… Долго време веќе живеам по некоја измислена сказна, чекам само да помине времето на измачување и да излезам од таа приказна која воопшто не е моја и не ми се допаѓа, да го облечам својот живот, поудобен и порелаксиран, да ги отфрлам сите грешни убедувања, сите глупави размислувања, сите навреди и бескрајни повредувања од оние кои стануваат се помизерни во моите очи, бидејќи ми ја згазија душата, ми го уништија срцето, ми ја извалкаа надежта, ми ја засенија насмевката, ми го изгребаа лицето со солзи, ми го фрлија животот во најгустата темнина… Но, постои ли човек кој може да се сопне два пати на ист камен? Ако и после ова се сопнам на истото место, па заслужувам на паднам од карпата и да бидам само сеќавање. Доста е од криење позади маскираните лица и излитени фрази. Доста го криев своето рането срце, како тоа да е нешто срамно и мора да биде скриено. Доста е од живот скриен длабоко во темнината, прикриена од гордоста и суетата од другите луѓе. Доста е од мојата истрајност која достигна точка на вриење. Доста е веќе.

продолжува…

Надица Пушкоска