Search for content, post, videos

Изворот на природната убавина – ВОДА

Летото е идеално време да уживате во благодетите на водата и максимално да се опуштите- на море, крај езеро, а во краен случај и на базен. Водата е од витално значење за човекот, животните и природата. Таа е важен елемент без кој животот не е возможен. Водата има неверојатно смирувачко дејство – покрај разбрануваното море, мирното планинско езеро или брзата рекичка, ќе заборавите на сета нервоза и стресот.

Крај базенот… Ако не сте на летување, а едвај издржувате да ги дотуркате деновите од понеделник до петок, тогаш викендот е вистинско време за релаксација. Облечете го костимот за капење и отидете до најблискиот базен. Без оглед дали веќе сте биле на летување или не, задолжително користете млеко за сончање со повисок заштитен фактор. Но ако имате свежа бронзена боја, тогаш можете да употребите и масло за сончање кое има понизок фактор на заштита. А по базенот, задолжително употребете лосион за по сончање.

Радоста на морето… Вистинското благотворно и лековито дејство на морската вода и морската клима се познати насекаде во светот. Научно е докажано дека морската и океанската вода се со сличен состав како и нашиот крвен серум – морската вода ги содржи сите минерали и хранливи состојки (калиум, калциум, магнезиум, јод) кои исто така ги има и во крвта. Токму затоа во морската вода се чувствуваме како риби. Престојот во морската вода влијае ревитализирачки врз нашиот организам, го закрепнува телото, но и ја негува убавината – ги измазнува брчките и ја чисти кожата со што таа станува еластична и сјајна.

Планинска свежина….

Потопете ги нозете и лактите во ледената планинска вода – студениот шок само на почетокот ќе ви делува непријатно, но потоа ќе ги почувствувате благодетите. Неверојатно опуштање, свежина и подобрување на имунитетот. Влезете во водата или барем потопете ги нозете во водата (ќе се изненадите колку добар педикир е токму оваа вода).

Силвана