Search for content, post, videos

Како да ја смалите болката за време на депилација

Депилацијата со восок е еден од најпопуларните методи за отстранување на влакненцата, но познато е дека оваа техника може и многу да боли. Овие 9 едноставни трикови можат да ви помогнат значително да ја намалите болката…

Мала површина на кожата

Ако ги депилирате нозете, тргнете од делот околу глуждовите, а ако почнувате од рацете тогаш најпрво издепилирајте го делот околу зглобовите на дланките. Помалата површина ќе ви ја олесни работата, подетално ќе ги отстраните влакненцата, а болката ќе биде значително помала.

Таблетки против болка

Половина час пред да тргнете на депилација напијте се таблетка против болки. Таа значително ќе ја покачи вашата толеранција на болка.

Студени облоги на кожата

Завиткајте неколку коцки мраз во кеса, а потоа во крпа. Со крпата тријте го делот којшто ќе го депилирате додека не почувствувате дека кожата лесно ви отапува на надразнувања. Мразот делува како аналгетик на кожата.

Пилинг

Пред да отидете на депилација, напаравете лесен пилинг на кожата. На тој начин ќе ги отстраните мртвите клетки од површината на кожата и ќе овозможите влакненцата полесно да излезат, а со тоа автоматски и ќе се намали болката при депилацијата.

Избегнувајте предолги влакненца

Влакненцата на телото кои се подолги од 6-7мм би требало да се скратат пред депилацијата. Долгите влакна значително ја зголемуваат болката за време на депилирањето, а постои опасност и од пукање на фоликулите поради што депилацијата може да биде неуспешна.

Кажете му збогум на бричењето

Ако сакате да се депилирате со восок, тогаш засекогаш заборавете на бричењето. Со бричењето влакненцата стануваат остри, па затоа првата депилација со восок после бричење може и да не биде баш успешна. Со редовна депилација со восок влакненцата ќе стануваат потенки и тоа значително ќе ја смалува болката.

Користете ги двете раце

За депилацијата да биде што поуспешна и помалку болна, користете ги двете раце. Откако ќе ја нанесете лентичката за депилација, со едната рака затегнете ја кожата и држете ја така затегната, а со другата повлечете ја лентичката (во спротивен правец од растот на влакненцата).

Избегнувајте депилација за време на циклусот 

Не практикувајте да се депилирате два дена пред и по менструацијата. Во тие денови прагот на толеранција на болка е најнизок, па депилирањето може да ви предизвика вистински маки.

По депилацијата

За да ја спречите иритацијата на кожата, 24 часа по депилирањето избегнувајте да се изложувате на сонце, никако немојте да користите ароматизирани лосиони или лосиони кои содржат алкохол, и заборавете на тесната облека.