Search for content, post, videos

Пријателство со омажените пријателки

Прекрасно е дружењето со пријателките, особено ако сте друштво кое функционира веќе со години. И тогаш одеднаш едната ќе се омажи и редовните гледања веќе ќе се претворат во нешто што вам и не ви се допаѓа толку. Поточно за секоја ваша средба потребно ви е многу поголемо организирање отколку претходно.
Не дека вам ви пречи што пријателката ви се омажила или чека бебенце, или веќе го има, што животот целосно и се сменил… И вие и останатите пријателки се радувате на нејзината среќа, дури и ако нејзиниот сопруг не ви се допаѓа нешто особено, ако ниту една од вас не би одбрала таков за сопруг. Она што вас вистински ве “јаде” е тоа што вашата пријателка сега со вас се гледа многу поретко отколку порано, секогаш некаде брза, се случува и да не се појави на некоја договорена средба. Во ваквите ситуации не е воопшто необично да и се налутите на пријателката, иако тоа не сакате да си го признаете себеси. Не е необично и ако се чувствувате како пријателката да ве заборавила – само веројатно сте доволно зрела за барем рационално да знаете дека не е така. Како што знаете, намерата на таа пријателка не и е да ве игнорира ниту поради семејството да ве запостави. Едноставно, нејзиниот живот се сменил и таа физички има
значително помалку време за вас. Да се биде со сопругот бара време. Грижата за детето исто така бара време, и тоа многу повеќе време. И вие тоа многу добро го знаете, но дури откако ќе се најдете во таква ситуација ви станува јасно всушност каков е животот кога ќе се добие семејство – колку енергија се троши на семејството, и тоа убава позитивна енергија, но за жал останува премалку време за пријателите.
Што во таква ситуација? За почеток, имајте разбирање за пријателката. Таа сигурно се уште ве сака и сака и понатаму да се гледате. И бидете вие таа што ќе се потруди малку повеќе околу организацијата за да може и таа да се вклопи со распоредот и да се види со вас. Понекогаш отидете и кај неа и понудете и се за помош, да и помогнете околу детето (ќе ви биде и повеќе од благодарна). Тоа што и помагате и на тој начин и како што се менуваат околностите, со нив се менуваат и начините на кои можат да се одржат пријателствата: она што е најважно се вољата, разбирањето и меѓусебната поддршка. Покажувате дека се уште ви е застанато до неа и во оваа нова фаза од нејзиниот живот, ќе и значи повеќе од се. И ќе се труди по секоја цена да ве задржи во нејзиниот живот и да ви возврати на секаков начин. Со текот  на времето и вие ќе се омажите, па и другите пријателки кои не ви се омажени, па ќе ја добиете од неа истата поддршка која вие неа сте и ја дале.
И запомнете, нема секогаш да ви биде тешко во функционирањето.
За се постои навика, а и времето ги менува ситуациите. Како што растат децата, така ќе ви се создава се повеќе време, па ќе можете и почесто да се гледате. Како што се менуваат околностите, со нив се менуваат и начините на кои можат да се одржат пријателствата: она што е најважно се вољата, разбирањето и меѓусебната поддршка. Потоа е се полесно!
ПРИЈАТЕЛИТЕ КАКО САБОТЕРИ НА ЉУБОВНИОТ ЖИВОТ
Пријателите се секогаш супер и најдобри. Тие ви го сакаат секое добро, а и вие ним. Кога имате проблеми, вклучувајќи ги и оние љубовните, пријателите се тука да ве сослушаат и да ви помогнат. Но дали сте знаеле дека тие (не)намерно можат и да ви го саботираат љубовниот живот?
Не, ова не значи дека пријателките ви се злобни и лоши – далеку од тоа. Но многу често се случува без никаква зла намера да ви создадат проблем во љубовниот живот. Како? Тоа се должи на онаа наша природа и карактер секогаш да се споредуваме со другите, за да процениме колку
сме самите успешни. А сите сме во исто време и свесни дека нашиот сексуален и љубовен живот не треба да влијае на тоа каков љубовен или сексуален живот имаат нашите пријатели. Но тешко е некако да се држиме до тоа. И тогаш…
Во почетокот на врската, сите ние сме склони кон “разубавување”. Исплашена да не испадне губитничка која не умее да оствари убава врска или како некој кој не умее да најде добар љубовник, секоја жена за својата врска се изразува во суперлатив или барем на некој начин ќе се обиде да ја разубави. И сега, вие ја слушате својата пријателка која тоа ви го раскажува, па почнувате и самата за себе да раскажувате, а во исто време се прашувате во себе што е тоа што вие не го правите толку добро за да ви биде толку убаво во врската.
Подоцна, следува периодот на жалби. Едната од вас ќе почне да се жали на партнерот и некој проблем, па продолжува другата со цел да се покаже дека е во уште полоша ситуација. И така со ред. И почнува еден вид натпреварување наречено “како повеќе да се оцрни партнерот”. И тешко дека некоја жена ќе се откаже од таканареченото натпреварување на оцрнување, дури и ако всушност и е убаво со партнерот и немаат некои сериозни проблеми. И иако некој ќе си рече дека нема ништо лошо во таквите приказни, сепак лошото е во тоа што по извесно време и по повторувањето на истите жалби може и да почнете да верувате во нив. На почетокот малку, а потоа се повеќе… И иако вашиот партнер не направил ништо лошо, вашите лоши мисли ќе се претворат во лошо чувство, кое потоа ќе се манифестира во лош однос кон партнерот и постојано барање начин да му замерите на партнерот за нешто.
Како да го избегнете ова? Можете да се обидете да не му подлегнувате на општото расположение, без разлика дали станува збор за преголемо величење на партнерот или пак се работи за жалење. Потрудете се да бидете објективна, а воедно на тој начин да ги поттикнете и пријателките да ве следат во објективноста. Или пак, можете да се обидете да ја смените темата или да го смените тонот на разговорот, па да ја свртите работата на шега и смеа.
Имате проблеми во врската? Размислете и обидете се да откриете од каде потекнуваат тие и анализирајте ги, по можност тогаш кога ја чувствувате главата бистра и не сте понесена од одредени емоции. Веројатно за некои проблеми самата ќе сфатите и ќе забележите дека сте ги создале од ништо и сте ги преувеличиле под (ненамерно) влијание на вашите пријателки и нивните разговори.