Search for content, post, videos

Како да одберете и негувате растенија во канцеларија

Користа од вистинско, зелено растение во работниот простор се непроценливи. Зеленилото го разубавува прсторот во кој работите, го намалува стресот, го згoлемува работниот елан и го прочистува воздухот, а голем број истражувања покажуваат дека сме 40 % попродуктивни и 50 % покреативни, со повеќе зеленило во канцеларија.

Одберете го најпогодното растение за вашата канцеларија
1. Фокусирајте се на растенија за кои не е потребно многу нега, така нема да зажалите ако го прескокнете полевањето додека сте преокупирани со работа.

2. Ако на вашето работно место немате многу природно светло, купете си замија, афричко копје (позната и како цилиндрична сабја или цилиндрична змија).

3. Ако имате доста светлост, купете красула, папрат или кактус.

4. Одберете растение кое го прочистува воздухот. Наши фаворити за работен простор се фикус, драцена, дрво на мирот и афричко копје.

Основни совети за негување на растенија

1. Запознајте го вашето растение. Ставете го на бирото, проверете ја земјата во саксијата – ако првите 3 до 4 сантиметри од земјата е суво, тогаш потребно и е полевање.

2. Не дозволете тацната од саксијата да биде полна со вода повеќе од 30 минути. Ако остане вода во тацната, отстранете го вишокот од вода.

3. Во зима греењето во просториите е посилно, па често воздухот е многу сув. Затоа во такви услови потребно е дополнително да се наводнуваат растенијата.

4. На растенијата исто како и на луѓето, најдобра температура им одговара помеѓу 19 и 23 степени. Затоа немојте да го ставате растението близу до вентилатор, радијатор или влезна врата, каде има повеќе промаја, или темературни разлики (ниска или висока температура).

Силвана Јованчева