Search for content, post, videos

Какво кученце шетаат…

Кога ќе ги прочитате следниве редови, веќе никогаш нема само да поминувате незаинтересирано покрај паркот во кој сопствениците си ги шетаат своите миленичиња. Па дури и подлабоко ќе се позамислите за себе и сопствениот вкус за кучиња.
Одамна е познато дека по извесно време сопственикот и миленичето почнуваат да си наликуваат еден на друг, но освен тоа дали сте знаеле и дека кучето многу кажува какви им се сопствениците во љубовта и сексот?

– Оние луѓе кои не сакаат да се врзуваат и најчесто преферираат секс за една ноќ, најчесто шетаат чивава. Тоа го покажало истражувањето спроведено врз 10000 корисници на апликацијата Клооф, кои биле на возраст од 18 до 33 години.
– Истражувачите дошле и до сознание дека пудлици сакаат оние жени кои се, верувале или не, „жешки“ и со немирен дух. Тие имаат високи стандарди во се па и во сексот, што значи дека од партнерот очекуваат максимум во креветот, но и му нудат „се“.

– Сопственичките на златен ретривер се нешто „помирни“ од љубителките на пудлици и асоцираат на семејство со многу деца. Меѓутоа, учесниците во анкетата исто така рекле и дека жените со вакви кучиња ги доживуваат и како ловци на добро ситуирани мажи, што значи дека многу им е битен изборот во животот.

– Кучињата од расата бигл, низок ловец во три бои, ги шетаат темпераментни жени кои и самите поседуваат „ловечки вештини“ – се водат од инстинктот кој ретко ги лаже.

 

– Лабрадорите се миленици на жените на кои може да им се верува, па мажите сметаат дека можат да се потпрат на нив.
– Жените сметаат дека најатрактивни мажи се оние кои поседуваат дога или лабрадор. Тие изјавиле дека лабрадорите претежно ги шетаат татковци, поточно мажи кои сакаат да имаат многу деца.

– Германски овчар е милениче на оние луѓе кои се „силни на дела“, а слично може да се каже и за сопствениците на сибирските хаски, кои на жените им делуваат како вистински јунаци. За овие мажи се смета дека штом имаат вакви миленичиња, ќе знаат да се грижат добро и за своите сопруги.
– Нежни и внимателни се сопствениците на златен ретивер, тоа се мажи на кои може да ум се верува бидејќи немаат променлив карактер.

 

 

 

 

– За сопствениците на француски булдог жените испитанички во анкетата рекле дека се „слатки и мирни додека се мрзоволни“, но и дека во исто време се непредвидливи кога ќе почнат да ја покажуваат својата сила и машкост.

 

– Сибирската хаска е родена за живот во екстремни услови, што значи дека и сопственикот на ова куче е подготвен на се, дека не е разгален и дека е секогаш тука кога на неговата придружничка и е потребна помош.