Search for content, post, videos

КАЛИНКА – овошје кое лекува и одвнатре и однадвор

Калинката е една од најстарите видови на овоштие познато на човештвото. Записите за калинката можат да се најдат во многу култури и религии. Ова хранливо овошје кое е многу богато со антиоксиданти, отсекогаш било ценето како симбол на здравје, плодност и вечен живот. Посебно се здрави семките, сокот и етеричните масла кои ги содржи во себе. Досега многу студии покажале дека кога станува збор за калинката тука се работи за едно од најлековитите овошја на светот токму поради благотворното дејство на кардиоваскуларниот, нервниот и коскениот систем на човекот. Калинката е овошје кое не ја загубило популарноста и покрај сите новосоздадени овошја. Оригинално потекнува од Средниот Исток, Азија. Позната е под имињата кинеско јаболко и гранада. Калинките најмногу се одгледуваат во Индија, Африка и САД, бидејќи нив им треба многу топла клима. Дрвото на кое растат калинките живее со години. Таа претставува одличен декор во вашата градина или вашиот двор. Калинките имаат тркалезен, сферичен облик со тврда кора. Внатре во овошјето има многу црвени семчиња. Во кујната се користи многу. Од неа се прават џемови, сокови, сосови за салата, па дури и вино. Калинката е богата со антиоксиданси, витамините б, витамин ц, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум, цинк. Една чаша сок од калинка го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Таа е една од малубројните растенија кои содржат материи слични на естрогените. Фитоестрогените од семките можат да ги намалат симптомите од менопаузата и постменопаузата.

Состав и лековитост на калинката – Таа е овошје кое е одличен извор на витаминот Б5, калиум, природни феноли како елагитанин и флавоноиди. Сто милиграми од калинката содржи 16 % од препорачаната дневна количина на витаминот Ц. Содржи фитиелементи кои го поттикнуваат создавањето на серотонинот кој е одговорен за убавотот расположение и естрогенот кој е одговорен за одржување на коскената маса. Ова откритие е многу битно за превенција на остеопорозата. Клиничките истражувања покажуваат дека состојките кои се наожаат само во калинката, познати како пуницалагини го подигнуваат здравјето на срцето и крвните жили, го намалуваат холестеролот и високиот притисок и го забрзуваат топењето на наслагите во вените настанати од артеросклероза. Пуницичната киселина е главен извор на антиоксидативното дејство на калинката. Покрај корисното дејство за срцето и вените, состојките на калинката го спречуваат растењето и на канцеровите клетки кај ракот на градите, дебелото црево, простата, леукемија така што го спречуваат растот на туморите. Докажано е дека една чаша сок од калинка дневно има најсилно антиоксидативно дејство дури и од чајот од црн ким и зелениот чај, додека екстракт од калинката делува и до десет пати посилно. За зајакнување на имунитетот и превенција на здравствени пореметувања експертите препорачуваат дневно конзумирање 2,5 дл. свежо исцеден сок од калинка.
Корисноста на сокот од калинка – Сокот на калинката е богат со полифеноли, кои имаат антиоксидантно и имуномодулаторно дејство. Свежо исцедениот сок од калинка е богат со витамин Ц, потоа со витамините Е, Б1, Б2, бета каротен и пантотенска киселина, како и со минералите калциум, железо, калиум, цинк и селен. Овој уникатен хемиски состав и’ дава на калинката неверојатна оксидативна моќ, која им помага на клетките во борбата против разорните слободни радикали, го намалува ризикот од неколку видови на канцер, штити од остеопороза и Ајзхајмеровата болест, го јакнее имунитетот, ги чува здрави забите, ја уништува бактеријата ишерихија коли и стафилококите, го забавува стареењето, го чува здравјето на срцето и вените. Свежиот сок од калинка можете да го чувате во фрижидер до три дена, додека целиот плод од калинка можете да ги чувате еден месец на собна температура и два месеци доколку ги чувате во фрижидер.

Маслото од калинка – многу е богато и хранливо така што може да се применува локално и орално во козметички и медицински цели. Содржи естрогенски, антипурални и антимикробни својства. Ја враќа еластичноста на кожата, воедно борејќи се против, а масните киселини кои ги содржи ги намалуваат отоците и болките во мускулите. Високата концентрација на материи со антиоксидантно дејство, бета-каротенот, полифенолите и витамините Ц и Е ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата и ја штитат од слободните радикали, кои настануваат како последица на стресот од околината: сончеви зраци, чад, загадување, и се особено опасни за кожата. Големото количество на линолна киселина во калинката помага за отстранување на пигментните дамки, спречува иритации на кожата. Цинкот и селенот во калинката се многу важни за убава и здрава кожа, за нејзината чистота како и за смирување на иритации

Примена во кулинаството – Од калинката се подготвуваат убави желе колачи, сирупи, ликери, вино, чај и оцет.  Оцет – две калинки ставете ги во стаклена тегла заедно со кората, прелијте ги со еден литар јаболков оцет и оставете така да стои 30 дена, па потоа процедете. Вака подготвениот оцет се користи како прелив за салати и се препорачуваат кај луѓе кои имаат проблеми со цревата. Кората од плодот најчесто се употребува за чај против дијареја и цревни паразити, една лажичка здробена кора се прелива со 200 мл врела вода, поклопен садот се остава да отстои 30 минути, потоа повторно кратко се проварува течноста, се процедува и откако ќе се излади се пие по 2-3 филџани дневно и тоа голтка по голтка. Сокот исцеден од црвените бобинки од калинката им се препорачува на болните од артериосклероза и е ефикасен во намалувањето на ризиците од срцевите заболувња, го намалува маснотиите во крвта. Плодот е богат со витамин Ц и е добар антиоксиданс и е инхибитор на вирусните инфекции, витамин Б5, калиум, полифеноли. Кај нас исто така многу се одгледува калинката, така што ја имаме по пазарите свежа и убава. Иако е тешка за да се излупи и изеде, сепак не се откажувајте од јадење на калинката, бидејќи јадејќи калинка, директно внесувате здравје во вашиот организам.

Силвана Јованчева