Search for content, post, videos

Канелони во сос

Подготовка: На загреано масло пропржете го претходно ситно исечканиот кромид, додајте го ситно исечканиот лук, потоа меленото месо, посолете и додајте црн пипер па пржете 20 минути со постепено додавање вода. На крајот додајте го ситно исечканиот спанаќ. Динстајте уште малку. Тргнете на страна. кога смесата ќе остине, вмешајте го јајцето кое сте го разматиле со павлаката. Сосот подгответе го така што на масло ќе го пропржите исечканиот кромид на коцкички и сланината. Додајте ги излупените и исечкани домати, ситно исечканиот лук, ориганото, босилекот и мајчината душичка, потоа зачинот па долевајте вода и динстајте 15 минути на тивок оган, додек ане добиете полутечен сос. Канелоните наполнете ги со подготвениот сос. Подгответе ја огноотпорната тава за печење. На дното ставете малку од сосот од домати, наредете ги наполнетите канелони, прелијте ги со остатокот од сост и посипете со пармезан. Ставете да се печат 40 минути на 180 степени. Послужете ги топли.

Потребни состојки:
2 лажици маслиново масло
пармезан
2 лажици павлака
1 јајце
500гр свеж спанаќ
црн пипер, сол
300гр мелено месо
2 чешниња лук
50гр кромид
200гр канелони
За сосот:
1 лажица маслиново масло
1/2 лажичка мајчина душичка
1/2 лажичка босилек
1/2 лажичка оригано
1 чешне лук
500гр домати
100гр сланина
1 главица кромид
1 лажица зачин