Search for content, post, videos

Киро Урдин – „Табула Раса“  во Букурешт

Во уметничката галерија „Константин Бранкуси“ во Палатата на романскиот парламент во Букурешт, отворена е изложба на македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин, насловена како „Табула Раса“. Изложбата ќе трае до 31 август. Во галеријата ќе бидат прикажани и документарните филмови на Урдин „Планетариум“ и „Табула Раса“.

Изложбата „Табула Раса“ го доби своето најново уметничко дело „Пантера“, масло на платно, како и уште две нови дела:  „Раѓање на животот“ и „Модел“.

Неодамна Киро Урдин имаше успешна изложба и во галеријата Амадлози на Центарот за африканско културно наследство во Мајами, Флорида, насловена „Предци“.

С.Ј.