Search for content, post, videos

Кога сакам можам или можам кога сакам?

Дали ви се случило некогаш да си кажете е не можам веќе, не сакам, преку глава ми е, изморена сум… Веројатно! Затоа што тоа му се случува на секој човек. Барем повремено. Неважно дали е врзано за работата, за домашните обврски, за шетањето или дури и за седењето во друштво…
Неодамна се исправив пред еден предизвик, навистина голем предизвик – работата! Ама во буквална смисла, нималку едноставна, мене толку позната и блиска, но одговорна дури и премногу, и пред се навистина обемна. На почетокот гледав од страна и размислував… колку можам, што можам и дали навистина сакам? Обврските се тука, постојано, покрај редовната работа и она што ми е секојдневие по работното време, но ова беше нешто поинаку, а мене лично многу привлечно, иако навистина ни малку неодговорно.

Кога почнав да работам, кога секојдневието освен она на работа ми се дополни уште со многу часови работа дома, се соочив со најголемиот предизвик – значи кога сакам јас навистина можам!
И можев… малку помалку спиев, малку повеќе и повеќе од повеќе работев, читав пишував, но… ни самата не бев свесна колку од друга страна ми беше пријатно откривањето на новите нешта, запознавањето со новите содржини, проверка на споственото знаење и големо дополнување на веќе постоечкото.
Но најважно од се ми беше што самата на себе си докажав -дека кога сакам навистина можам. Не ги чувствував сопирачките од типот страв дали ќе успеам, кога ќе успеам, како ќе биде… едноставно пристапив со ставот, да можам, да ќе го направам тоа. Ќе го ставам како приоритет
број 1, другите нешта малку ќе бидат запоставени, но сега засега ќе биде така зашто сакам да се соочам со можностите, волјата и желбата за сопствено доусовршување. И учење на грешките. И согледување на човековата тесноумност и ограниченост. И неукост. И безволност да се осознае нешто повеќе, малку подалеку. Сите тие нешта барем засега ми ја наполнија душата, ме исправија самата пред себе и ми дадоа поголем елан кој ме води и понатаму – јас можам се! Кога сакам – буквално се!
Слаѓана Тошиќ