Search for content, post, videos

Колач со грозје

Подготовка: Пишкотите потопувајте ги во мешавината сок од портокал и рум и наредете ги во соодветен калап (сад). Од млекото извадете 12 лажици и додајте ги во прашокот за пудинг. Додајте ги и шеќерот и ванилиниот шеќер и се убаво измешајте. Останатото млеко ставете го да зоврие заедно со хоплата, тргенете од оган и додајте ја подготвената смеса за пудинг и со постојано мешање варете 1-2 минути. Наредете ги зрната грозје врз пишкотите, а одозгора прелијте со готовиот и скоро изладен пудинг. Откако колачот убаво ќе остине, одозгора посипете го со измеланите бадеми и кокосовото брашно.

Потребно:
200гр пишкоти
2 лажици рум
300мл сок од портокал
700мл млеко
2 пудинга од ванила
3 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер
200мл хопла
200гр грозје
За украсување:
3 лажици сечкани бадеми
3 лажици кокосово брашно