Search for content, post, videos

Колачиња од мед

Подготовка: Ставете го путерот во тенџере да се стопи, па додајте ги шеќеот и медот. откако ќе се соединат, додајте го млекото и со него прелијте го брашното во кое претходно ја додадовте содата. потоа вмешајте ги јајцата и измесете тесто. Тестото поделете го на 5 топчиња и секое расукајте го во тенка кора. Секоја кора одделно печете ја на 150 степени 10-тина минути. Ставете го млекото во тенџере да зоврие па додајте го густинот и варете додека да се згусне. Откако ќе остине, во смесата додајте ги претходно стопениот путер, шеќерот во прав и какаото и пенесто изматете со миксер. Со подготвениот фил премачкајте ја секоја кора одделно и наредете ги една врз друга. Оставете неколку часа да отстои. Подгответе ја глазурата и прелијте го колачот. Откако ќе се излади и стегне глазурата, исечете го на правоаголничиња и послужете.

Потребно:
50гр мед
150гр шеќер
30гр путер
7-8 лажици млеко
500гр брашно
1 лажица сода бикарбона
2 јајца
За филот:
800 мл млеко
4 лажици густин
250гр путер
100гр шеќер во прав
За глазурата:
300гр чоколадо за готвење
200мл слатка павлака