Search for content, post, videos

Комплетна летна магија

Беспрекорна кожа… усни затегнати и полни… очи бистри и сјајни… За да ја достигнете оваа комплетна летна магија, потребни ви се само неколку минути и неколку мали трикчиња.
• Бронзен сјај
Сакате да изгледате како да сте поминале цел ден на плажа? Со четкичка нанесете бронзено руменило на деловите на лицето кои најбрзо потемнуваат: образите, челото, носот, брадата. Убаво размачкајте – внимавајте да не останат остри граници.
• Заводливи образи
Истакнете ги образите и направете да светат: нанесете камена пудра две нијанси посветла од вашиот тен на образите и размачкајте ја кон надворешната линија на очите и коренот на косата. А потоа врз неа, со потемно руменило нагласете ги образите. Симпатичната игра на тонови ќе ги нагласи образите.
• Блескава насмевка
Светнете ја својата насмевка со малиот трик: измешајте ја пастата за заби со сода бикарбона (ставете сода само на врвот на лажичката). Можеби ќе имате блуткав вкус во устата додека ги миете забите, но ќе бидете изненадена од резултатот.
• Победете ја мрснотијата
Коренот на косата нема толку многу да ви се мрси ако косата ја носите лабаво собрана во опавче. Затоа, и доколку не сте љубител на врзана коса, сепак во слободното време настојувајте да ви биде собрана за да не морате многу често да ја миете (честото шампонирање и разните средства за обликување и одржување на косата се огромно оптоварување за коренот и влакното).
• Свеж изглед
Наутро, по долгата непроспиена ноќ, кожата се олабавува и добива изморен изглед. Плискајте го лицето со студена вода (но не премногу студена) околу 30-40 секунди. На крај нанесете пудра една до две нијанси посветла од вашиот тен.
• Сочни усни
Светлите бои на кармините прават усните да изгледаат пополни. Па, лето е, светлите бои се во тренд, а не заборавајте го и сјајот за усни. Нанесете кармин во светла боја, а на средината на усните ставете сјај (најдобар ефект дава розовиот сјај со светки).
• Бујни трепки
Заборавете на римелите кои ви ветуваат волуменизирани трепки – обидете се со малиот трик кој ви гарантира бујни трепки, а нема да ве чини воопшто: пред да го нанесете римелот (употребувајте го оној кој вообичаено го користите, не трошете богатства на оние римели кои ветуваат дури и невозможни нешта), со четкичка нанесете малку пудра на трепките. Потоа нанесете го римелот – трепките ќе добијат неверојатна густина.
• Очи широко отворени
За да направите очите да ви делуваат покрупни, нанесете светла сенка (бела, кремаста, боја на слонова коска) на внатрешниот дел од окото, а потемна нијанса кон надворешниот дел од капакот. Не нанесувајте туш или боички, тие го ограничуваат окото и прават да делува помало.
• Секси деколте
Заведувајте со деколтето – летото е измислено за маички со длабок отвор кои ќе ги мамат погледите кон вашето неодоливо, секси деколте. Со бронзен стик поминете во центарот на деколтето – тоа ќе му даде длабочина. Во делот кај клучната коска нанесете светкав стик или гел.