Search for content, post, videos

17 корисни совети за нега на вашата коса

Повеќето жени најчесто изјавуваат дека не се задоволни со својата коса. Немојте да бидете една од нив: негувајте ја својата коса, вложете малку време и трудот ќе ви се исплати.

Долгата коса бара внимание, но заслужува да вложите малку труд, бидејќи здравата сјајна долга коса е украс кој и прилега на секоја жена. Затоа придржувајте се до следниве правила и нема да бидете незадоволна од својата коса…

 

1. Косата мијте ја од темето кон врвовите, а во текот на миењето никогаш не ја собирајте целата коса на врвот на главата;

2. Регенераторот претежно нанесувајте го на врвовите на косата;

3. Последното плакнење нека биде во студена вода – освежувачки е зиме, но и вреди на маката во зима;

4. Сушете ја косата без фен секогаш кога можете;

5. Ако користите фен, употребувајте го кратко, а потоа оставете ја косата да се исуши сама. На крај пак употребете фен накратко.Повторувајте ја постапката додека косата не ви биде целосно сува;

6. Пред фенирањето завиткајте ја косата во крпа и држете ја така извесно време;

7. Никогаш, ама буквално никогаш не чешлајте ја косата додека е мокра;

8. Рашчешлајте ги врвовите, а потоа одете нагоре;

9. Во текот на зимата и лете користете различни производи, бидејќи во текот на зимата понекогаш косата е полна со електрицитет и не е толку мрсна;

10. Сите имаме различно теме и коса – значи, нечии омилени производи (Шампони и регенратори) не значи дека ви одговараат и вам;

11. Зачестеното потстрижување на испуканите врвови е поефектно од наглите и поголеми зафати;

12. Никогаш не потстрижувајте се кај фризерот кој мрази долга коса;

13. Ако сте млада мајка, не заборавајте косата секогаш да ви биде собрана во опавче или пунџичка;

14. Кога дува силен ветер, соберете ја косата внатре во јаката на капутот или мантилот;

15. Не бојте ја косата без потреба со силни средства и не подложувајте ја на силни хемикалии – косата ќе изгледа поздраво ако не го правите тоа;

16. Не пушете – косата ќе ви мириса поубаво, нема да изгледа безживотно и здодевно, како што изглед на косата на повеќето пушачи;

17. Избегнувајте да престојувате во зачадени простории. И ако не сте пушач, престојот во вакви простории секако ќе влијае врз изгледот на косата.