Search for content, post, videos

Домашен пилинг за усни

Кожата на нашите усни е исклучително чувствителна, па лесно може да се оштети на сонце и ветер. Сигурно и вие барем еднаш сте се соочиле со испукани и оштетени усни, и како што и самата знаете, тоа не е воопшто пријатно. Но затоа, пак, постојат неколку начини на кои можете да ја обновите и нахраните кожата на усните, а за тоа ќе ви бидат потребни само неколку минути и нема да ве чини ни денар.
Постојат две клучни состојки за добар пилинг на усните: првата состојка е течноста која може да биде масло, млеко или мед, а втората состојка е средството за чистење како што се шеќерот и солта и низа други зачини. Целта е да се отстранат мртвите клетки и да се доведе во рамнотежа структурата на усните. Можете да експериментирате со разни состојки, бидејќи најдобро е самата да оцените на кои состојки вашата кожа најубаво реагира.

Сладок пилинг за усни
потребно:
1 мала лажичка шеќер
неколку капки вода
неколку капки маслиново масло

Постапка: ставете го шеќерот во раката и додајте неколку капки вода. Измешајте ги состојките и лесно нанесете ги на усните и оставете да стои 30 секунди. Потоа исплакнете ги усните со топла вода. Лесно избришете со мека крпа, па нанесете маслиново масло или вашиот омилен балзам за усни.