Search for content, post, videos

Егзотиката и раскошот на ориенталната убавина

Прекрасен изглед кој го потенцира ориенталниот шарм – силна шминка на очите, со истакнати, убаво дефинирани веѓи и драматични усни.

  • Течна пудра: Natural Fix No 02.
  • Камена пудра: контурирајте го лицето со бронзер Air Touch Bronzer No 6.
  • Сенка за очи: Со сенка за очи Professional Eye Color No 277 исцртајте линија на долниот капак, истакнувајќи го надворешниот агол на окото. Со истата сенка, исцртајте линија под лакот на веѓата до внатрешнот агол на окото. Потоа ставете Diamond Effect Shadow No 05 на средишниот дел од очниот капак, сѐ до внатрешниот агол на окото.
  • Молив за очи: во внатрешноста на окото нанесете молив Softline Smoky Eye Pencil No 30. Со истиот молив, исцртајте танка лиија на очниот капак, закосувајќи ја нагоре.
  • Маскара: Magna Lash No 02.
  • Молив за веѓи: Powdery Brow Definer No 35.
  • Руменило: Blush Color No 119.
  • Кармин: нова нијанса мат кармин – Matt Lasting Color No 34