Search for content, post, videos

Како да се шминкате кога носите очила…

Кога носите очила, комплетниот изглед на лицето се менува, а особено оној најважниот – очите. Поради очилата, тие остануваат во втор план, зад стаклата и рамките на очилата. Токму заради тоа, шминката која им одговара на жените кои не носат очила не значи дека им одговара и на оние кои носат очила…
Советите кои следуваат посебно се однесуваат доколку сте далекувида, а посебно ако сте кратковида, бидејќи токму стаклата, особено оние со поголем диоптер, дополнително ги зголемуваат или смалуваат очите. Носењето очила не треба да значи дека не ви треба шминка или дека тоа е причина зошто не треба да се шминкате. Исто така, лошиот избор на шминка може катастрофално да влијае на вашиот изглед, исто како што добриот избор би можел целосно да ве трансформира во позитивна смисла.

Ако носите очила за блиску….
1. Потемни сенки
Ако носите очила за блиску тие ќе ви ги смалат очите и затоа немојте да носите темни сенки кои дополнително ќе ви ги смалат очите. Посветлите бои ќе ги разбистрат и визуелно ќе ви ги зголемат очите, ќе го вратат фокусот врз нив, со што тие ќе остават впечаток на крупни очи.
2. Употребувајте светликави сенки
Значи целта ви е очите да ви изгледаат поголеми, а во тоа дефинитивно ќе ви помогнат светликавите сенки. Не е важно колку години имате!
3. Дефинирајте ги очите
Повлечете линија од средината на долниот капак кон надворешниот агол на очите и по целата должина на горниот капак. Многу е важно да ја нанесете маскарата за да ги обрабите очите и да создадете впечаток на нивна големина.
4. Светла сенка
Никако не заборавајте да нанесете сенка под веѓите бидејќи на овој начин дополнително ќе оставите впечаток на отвореност и дефинитивно ќе изгледаат покрупни.
5. Средете ги веѓите
Убаво средените веѓи можат д апридонесат за убавината на вашите очи и спротивно. Всушност, многу жени што носат очила го занемаруваат изгледот на своите веѓи бидејќи мислат дека тие и не се толку забележливи под рамките на очилата. Факт е дека морате да ги средите бидејќи изгледот на очите и лицето со очила ќе изгледа покомплетно и моќно привлечно.

Ако носите очила за далеку…
1. Избегнувајте светликави сенки
Со очилата за далеку вашите очи ќе изгледаат поголеми, па затоа немојте да носите светликави сенки или било кој друг вид светликава шминка бидејќи така очите ќе ви изгледаат како премногу ококорени, а таквиот ефект сигурно сакате да го избегнете.
2. Користете мат тонови
Практикувајте во вашата мејкап палета да преовладуваат мат сенки. Тие ќе го нагласат вашиот изглед на лицето така да делува пропорционално и привлечно. Задолжително избегнувајте бела сенка!
3. Одберете си боја
Ако користите посветли тонови кога се шминкате, тогаш настојувајте истите да бидат во боја, на пример виолетова, зелена, кафеава. Експериментирајте! Но, не заборавајте да обрнете внимание на бојата на вашите очи – сенката мора да одговара на бојата на вашите очи.
Која сенка да ја одберете?
Сенка за сини очи – сината боја на очите најмногу ќе ја нагласите со нијансите на бледа златна боја, сиви и кафеави тонови, потоа топли бронзени и виолетови тонови. Избегнувајте розови нијанси бидејќи така очите ќе ви изгледаат поцрвени.
Сенка за зелени очи – на зелените очи совршено им одговараат жолтите нијанси, но и темно зелените и сиви нијанси. Исто така, ако сакате да ја нагласите нивната убавина, јаката виолетова е совршена за вас.
Сенка за кафеави очи – она што е најубаво кај кафеавите очи е што можете да ги користите сите бои на сенки, но на врвот на пописот дефинитивно треба да се најдат нијансите на кафеава и кремаста. Интензивната сина боја е одличен избор ако сакате да ја истакнете кафеавата боја на своите очи. Ако вашите кафеави очи имаат на пример во себе зелен, сив или златен тоналитет, токму овие бои на сенки се совршени за вас.
4. Поситни очи
Верувале или не, кога носите очила за далеку и сакате очите да ви изгледаат помали, многу е важно да ги обрабите со потемни, придушени тонови (моливче, туш…). Но тоа не значи дека морате да користите само црни и сиви тонови. Исто така можете да пробате со темно сина, темно кафеава, темно зелена и темно виолетова кои исто така можат да изгледаат убаво.
5. Помалку маскара
Немојте да ставате премногу слоеви маскара бидејќи зад стаклата не само што ќе изгледа претерано, туку затоа што многу продолжени трепки можат да пречат додека носите очила.