Search for content, post, videos

Квасецот е заштитник на косата

Студеното време може да ја оштети косата, бидејќи ветрот и ниските температури ја исушуваат и го поттикнуваат опаѓањето. Затоа е неопходно редовно да ја негувате, а во тоа може да ви помогне еден природен рецепт – маска за коса од квасец.

Растворете лажичка мед во топло млеко, а потоа додајте 20гр свеж квасец. Оставете ја смесата да отстои 20 минути на топло место, додека квасецот не нарасне. Потоа земајте од маската и нанесувајте ја на претходно измиена и влажна коса, почнувајќи од коренот сè до врвовите. Завиткајте ја косата со кеса, а врз неа завиткајте крпа, на тој начин овозможувајќи хранливите состојки полесно да се впијат во коренот на косата. Оставете да отстои еден час, а потоа измијте ја косата со млака вода, нанесете балзам и повторно исплакнете. Маската нанесувајте ја еднаш неделно, а доколку имате проблем со позасилено опаѓање, тогаш нанесувајте ја на секои три дена.