Search for content, post, videos

Лице како „средено“ во фотошоп

Не постои жена што не мечтае за лице како порцелан, мазно и совршено како на девојките од насловните страници што се претходно „средени“ во фотошоп. Реално, идеалната мазна кожа зависи и од генетиката, но и од низа други фактори: стил на живот, исхрана, редовна и квалитетна нега. Но реално, денес речиси не постои жена што не е изложена на постојан стрес, храна што ни се продава како здрава а всушност не е, и премногу скапи производи за нега на лицето. Бидејќи за стресот и начинот на исхрана ќе мора да се погрижите самата и да го најдете најдобриот начин како да ги смените, околу негата, поточно „фотошопирањето“ на лицето може да ви помогне следнава маска…

Потребни состојки:
1 лажица алги во прав
– 1 лажица мед

Подготовка: измешајте ги состојките и кога ќе добиете фина смеса, нанесете ја на целото лице (освен на делот околу очите). Оставете да делува 20 минути, а потоа извадете ја со мокра крпа. По третманот со маската ќе се збогувате со вообичаеното црвенило, а порите ќе бидат длабински исчистени.