Search for content, post, videos

Малите тајни во козметиката за големи резултати во огледалото

Не, не можете да го запрете времето, но можете да направите косата, рацете и кожата да ви изгледаат помладо…

Нема потреба од пластични операции, ниту од скапи третмани во салоните. Сè што треба да направите е да ги преиспитате своите дневни навики и да направите неколку анти-ејџинг промени. Овие 14 промени ветуваат дека ќе постигнете помлад изглед доколку се придржувате до нив…

Прескокнете го стилизирањето на косата со преса

Младата коса е сјајна и лелеава. Но ако користите пегла, фигаро или фен за коса, таа со текот на времето станува сува и безживотна. Настојувајте да ја стилизирате косата без употреба на високи температури. 

Нанесувајте заштитен фактор секој ден

Дерматолозите советуваат кремовите со заштитен фактор да се користат секој ден. Тоа ќе ве заштити од прерано стареење на кожата. Ако ставате заштитен фактор 3-4 пати неделно, сигурно ќе ги забавите годините. Најдобро е секој ден да нанесувате крем со заштитен фактор 30, без оглед дали сонцето ќе се појави на небото или не.

Користете крем за раце

Кожата на дланките е многу тенка и чувствителна. Сигурно сте забележале како рацете ви изгледаат постари кога ќе испукаат на студено време. Затоа нанесувајте крем за раце по секое миење.

Избегнувајте храна што ги бои забите

Белите заби се знак за здравје и младост. Темната, жешката и лепливата храна може да остави траги на вашите заби. Избегнувајте црвено вино, кафе, кока кола, цигари… ако сакате да ја задржите вашата млада насмевка! 

Лакирајте ги ноктите

Делот од телото што постојано го откривате и кој ги открива вашите години се секако рацете. Покрај средените нокти настојувајте да носите и прстени… тие ќе го одвлекуваат вниманието од самите дланки доколку веќе се забележуваат првите знаци на стареењето.

Редовно вежбајте

Вежбањето ја подобрува циркулацијата која ѝ помага на кожата да изгледа помладо. Исто така, некои истражувања покажуваат дека вежбањето може да ги врати годините наназад. Секако, кога сте фит – изгледате помлада.

Внимавајте на внесот на сол

Солената храна ја собира водата во телото и така создава подуеност. Особено во делот околу очите. Смалете го внесот на сол и така ќе ја исфрлите непотребната течност од организмот.

Држете ја „зависноста“ од телефонот под контрола

Ако често ја држите главата наведната надолу накај телефонот, им помагате на брчките на вратот и на подбрадокот да се истакнат уште повеќе. Редуцирајте ја употребата на телефонот ако сакате да го задржите младешкиот изглед на вратот.

Плакнете ја устата со освежувачки раствор секој ден

Откако ќе ги измиете забите, исплакнете ја устата со раствор што го освежува здивот и ги убива бактериите. Ова ќе ги одржи непцата здрави, забите бели а здивот свеж.

Јадете храна богата со протеини

Ако сакате да имате природно цврста и сјајна коса, тоа значи дека мора да тргнете од основата – најпрво внесете доволна количина протеини во исхраната.

Внимавајте на влажната коса

Никогаш не чешлајте ја косата додека е мокра. Оставете малку да се исуши, а потоа полека исчешлајте ја и тоа исклучиво со четка со природни влакна. Чешлањето на мократа коса ќе ги искине и оштети влакната.

Јадете зелено 

Зеленилото е природна четкичка за вашите заби. Храната богата со растителни влакна, како што се спанаќот, зелката и брокулата помагаат во природното чистење на забите. Тие спречуваат појава на наслаги на забите, што секако не смеете да си го дозволите. Освен тоа, оваа храна е природен прочистувач на организмот, го забрзува метаболизмот што, пак, доведува до чиста и блескава кожа и секако младешки изглед.

Избегнувајте стрес

Не само што ве полудува однатре, туку тој се манифестира и однадвор. Стресот во телото создава процеси што го забрзуваат стареењето на кожата, а може да доведе и до појава на многу непријатни и визуелно одбивни заболувања – егзема и псоријаза.

Наспијте се

Додека спиеме телото произведува естроген и профестерон. Тие ја подмладуваат кожата и создаваат природни механизми за поправка на организмот.