Search for content, post, videos

Моливче според бојата на очите

 

Освен класичните црни моливчиња за очи, понекогаш би можеле да испробате уште некоја боја, советуваат холивудските мејкап артисти. Одбирајте нијанси што се согласуваат со вашата боја на очите, а асортиманот во секоја парфимерија е навистина преголем.

           Ако имате сини очи: одберете метални тонови, шампањ боја, морнарско сина, нијанси на бакарот и златото. Исцртајте ги само аглите на окото или целиот горен капак, но што потенко и што поблиску до трепките.

            Ако имате зелени очи: за да ја нагласите убавата зелена боја на очите одбирајте црвеникави или виолетови тонови, како бронза, нијанси на аметист, махагон или модар патлиџан.

           

 

Ако имате темни очи: нема да згрешите со земјените тонови и со сивата боја, а особено ќе ги нагласите со кобалтносина боја. Ако мислите дека тоа ви е пренападно, исцртајте го само долниот дел на капакот со темносино моливче бидејќи е најслично на класичниот црн молив.

      

 

 

      Ако имате очи во боја на лешник: вам ви одговараат смарагднозелена, златна, бронзена, маслинеста, боја на слива и на чоколадо. Повлечете линија долж целиот горен капак, а внатрешните агли нагласете ги со малку златна.