Search for content, post, videos

Нашминкајте се како професионалец

Тајната на беспрекорната шминка се наоѓа во добриот прибор за шминкање, боите што му одговараат на вашето лице и во вежбите. Вистина е дека шминкерите најдобро ја знаат и познаваат тајната на совршеното нашминкано лице, но тоа не значи дека и самата не можете да се обидете да го постигнете тоа. Ќе ви треба само малку повеќе трпение и време бидејќи преку ноќе не можете да станете професионалец. Следниве неколку трика ќе ви помогнат да се нашминкате како професионалец…

 

1. Изберете го вистинскиот прибор за шминкање

Многумина велат дека изборот на квалитетен прибор за шминкање и употребата на посилни пигменти можат да доведат до посакуваната цел, дури и да не сте ја совладале техниката за шминкање.

 

[two_third]

2. Исцртување на контурите на лицето

Уште една причина зошто лицето ни изгледа совршено кога ќе нè нашминка професионалец се крие во правилното исцртување на контурите на лицето. Секој професионален шминкер знае да ги истакне линиите на вашето лице или да направи нови ако е потребно. Значи, сенчењето е исклучително важно. Исцртувањето на контурите на лицето може визуелно да го стесни или да го прошири доколку е потребно, да ги нагласи јаболчиците, да го смали или издолжи носот или, пак, да го „сокрие“ челото.

[/two_third] [one_third_last padding=”10px”][/one_third_last]

За контурирање на лицето ви треба еден посветол и еден потемен коректор или пудра со која ќе го правите сенчењето.

 

3. Изберете добра подлога

За да го избегнете ефектот „маска“ треба да одберете подлога што е во боја како вашиот тен или за нијанса посветла. Подлогите што се потемни од вашиот тен не се најдобар избор бидејќи на дневна светлина ќе направат лицето да изгледа уште потемно отколку што се доживувате себеси под вештачката светлина во продавницата кога го пробувате производот.

 

4. Никогаш не користете сенка во една боја

Професионалните шминкери секогаш користат повеќе нијанси сенки за да добијат длабочина и одредена форма на капаците. Особено е важно секојпат да ја истресете четкичката по аплицирањето, за да го отстраните вишокот честички што можат да завршат под окото.

Најпрво на целиот капак нанесете светла сенка, а темна нанесете на надворешниот раб на окото и трепките и продолжете да го сенчите кон длабочината на капакот.

 

5. Пудра за крај или фиксатор

Пудрата во прав е тајната на долготрајната шминка, но и за беспрекорен, кадифест тен. Се нанесува на крајот, по подлогата, контурирањето, руменилото (кога нанесувате руменило обрнете внимание на нанесувањето и рамномерното сенчење за да изгледате што поприродно) и другата шминка, со помош на сунѓерче или четкичка и тоа во многу мала количина. Вишокот пудра задолжително истресете го од четкичката.

 

Малку поинакво шминкање прави чуда за вашите подочници

Колкупати ви се случило да се нашминкате со цел да се разубавите и подмладите, а всушност изгледате уште постара? Овие мали, но корисни совети ќе ви помогнат да ги сокриете подочниците и брчките што по грешка ги нагласувате при шминкањето и со тоа правите да изгледате постара.

Започнете со течна пудра. Таа ја хидрира кожата и затоа е најпрепорачлива кога веќе имате проблем со брчки. Избегнувајте камена пудра особено за пределот околу очите. Без оглед колку и да е квалитетна, камената пудра се вовлекува во брчките, така ги нагласува и ве прави неколку години постара. Затоа е особено непрепорачлива за жените во зрели години.

Ако сте веќе во зрелото доба, тогаш одлучете се за течна пудра со мат ефект. Ако треба да поминете цел ден надвор од дома, тогаш можете да ја поправите шминката со пудра во прав, но не повеќе од еднаш дневно.

И најважното правило – не претерувајте со шминката! Мало нагласување на линиите на вашето лице, понагласени очи или усни (одберете го едното од двете, но никако заедно) е доволен украс.