Search for content, post, videos

Нов мејкап тренд, црвена сенка за очи

[one_fourth padding=”20px 20px 0 0″][/one_fourth][three_fourth_last]

Секоја сезона носи некој нов моден тренд. Оваа сезона црвената боја е ИН и тоа во вид на шминка на капаците и на образите. Значи, сенка и руменило. Иако никогаш не е на одмет на некој важен состанок да се појавите и со црвен кармин на усните. Тоа е секогаш секси и го привлекува спротивниот пол.

Ако нанесете кремаста сенка во интензивно црвена боја, ќе го постигнете популарниот „вампирски“ изглед. А ако се осмелите да ги обоите и веѓите во црвено, ќе изгледате како неодолива гејша.

Можеби ви делува премногу смело, но познатите мејкап артисти советуваат оваа сезона слободно да си поигрувате со црвените нијанси.[/three_fourth_last]

Можеби веѓите во црвена нијанса не се ваш стил, но малку темноцрвена на капаците е идеален предлог за вечерните излегувања кога сакате да изгледате како вистинска „вамп дама“.

 

[three_fourth]

Кармин во боја на вино е изборот за оваа сезона

Студените денови бараат и посебен начин на облекување, што пак со себе повлекува и поинаков стил на шминкање. Оваа сезона кога ќе го менувате спектарот на шминките во вашиот несесер, не заборавајте да вклучите и барем еден кармин во нијанса на црно вино или во боја на слива.

Ако сметате дека оваа нијанса е премногу темна, кога ќе го нанесете карминот само нежно поминете врз усните со хартиено шамиче.

[/three_fourth][one_fourth_last padding=”30px 50px 50px 50px”][/one_fourth_last]

Бидејќи станува збор за исклучително интензивна нијанса, најдобро ќе биде ако ја искомбинирате со руменило во крем боја. Ако сметате дека ултравиолетовата боја на слива е пресилна за вас, тогаш нема да згрешите ни со карминот во нијанса на црно вино!