Search for content, post, videos

Претставување на првиот парфем на Алесандро Микеле… Gucci Bloom

Инспириран од автентичниот дух на жените, креацијата на Алесандро Микеле го отсликува ставот да бидеш тој што сакаш да бидеш. Во комбинација со бојата, декорацијата и текстурата дизајнирана од креативниот директор, жените кои ги облекува овој мирис едноставно процветуваат на природен, експресивен и инвидуален начин: тие се во цут.

За мирисот

Креиран од врвниот специјалист за парфеми, Алберто Мориљас, со насоки од Алесандро Микеле, мирисот е создаден да открие исто толку колку и неговото име.
Автентичноста е вметната преку квалитетните, висококонцентрирани природни состојки.
Екстрактот од природната тубероза собрана од Индија е испреплетена со екстракт од природен јасмин. Екстрактот од пупката од јасмин, добиен преку ексклузивен метод на коекстракција, кој го меша природниот квалитет на јасминот со молекулите да пренесат свеж мирис на зелени ливчиња на кожата. Gucci Bloom исто така содржи и ноти од уште едно растение кое за првпат е употребено во индустријата на парфемите – ползавец рангун.

За дизајнот

Талкачот по убавина, Алесандро Микеле, замислил шишенце и пакување во кое е сместен духот на мирисот, посветен на разновидноста на жените.

„Шишенцето не е дизајнирано да биде женствено за да ги заведува мажите, туку за да им прави друштво на жените кои го носат парфемот. Со ретро и нежен изглед поради неговата боја, со чисти и тенки линии, шишенцето не е изработено во транспарентно стакло, туку е обоено и потсетува на порцелан, материјал кој многу го сакам“, вели тој.