Search for content, post, videos

РЕВОЛУЦИОНЕРНА ПРОМЕНА НА КОСАТА

На секоја жена, оштетената коса е проблем број еден, па затоа посакува брза трансформација во здрава коса. За таа цел на настанот кој се одржа на 7 Мај во хотел Queen Т.Ц. Зебра во организација на Wella Professionals Македонија,  беше претставен WELLAPLEX производот. Овој производ содржи Opti pH System, технологија која навлегува длабоко во влакното на косата и ги реконструира врските со што се добива поцврсто влакно. Технологија со уникатна pH вредност која гарантира оптимално навлегување намолекулите за осветлување и боење на косата. WELLAPLEX содржи два производи за професионална употреба No1 Bond MakerиNo2 Bond Stabilizer, со кој се добиваат веднаш видливи резултати и No3 Hair Stabilizer за домашна употреба.

Неколку храбри девојки не воодушевија со свеж и негуван изглед на косата благодарение на COLOR FRESH CREATE боите од Wella. Овие бои црпат инспирација од модата, природата, индивидуалноста и секојдневието. Највозбудливиот спектар кој нуди 12 живописни нијанси и една неутрална, чиста нијанса, кои зрачат со перфектност и свежина. Магија од нијанси на бои кои можат и да се мешаат меѓусебно, а траат и до 20 миења.

На настанот присуствуваа Лукаш Рутковски – официјален WellaProfessionals тренер, Верче Оречовска – тренер за WellaProfessionals Македонија, Ѓорѓе Бјелиќи, Бојан Ивановиќ-Џон – тренери за WellaProfessionals Србија, кои како врвни професионалци се погрижија за свежиот и негуван изглед на косата на овие девојки.

За да бидат опфатени сите детали за моден настан, модната дизајнерка Олгица Ѓорѓиевска се погрижи за одличен избор на облека за девојките, а за шминката мејкап артистката Ружица Ристовска со козметика Shiseido.

За свежиот изглед и стилот на косата не постојат ограничувања во годините.Доживејте револуционерна промена  – дајте ѝ живот и боја на косата со Wella Professionals.