Search for content, post, videos

Топло масло за свилена кожа

И кожата страда под ударот на зимскиот ветер и ниските температури. Засилената нега во овој период од годината е задолжителен, речиси подеднакво како кога ја штитите од пресилното сонце во текот на летото. Освен редовната примена на козметичките препарати што ѝ овозможуваат соодветна „зимска“ заштита, по туширањето добро ќе ѝ дојде топлото, миризливо масло што можете да си го подготвите и самата.

 

 

1 дл масло од сусам

10 капки етерично масло од портокал или од мандарина

10 капки етерично масло од гераниум

10 капки етерично масло од лаванда

Подготовка: измешајте ги сите состојки и сипете ги во стаклена тегличка од темно стакло. Пред употреба загрејте го маслото така што тегличката ќе ја ставите на радијаторот или во тенџере со топла вода (но не жешка). Нанесете го топлото масло на мокра кожа веднаш по туширањето. Ќе се изненадите од ефектот!