Search for content, post, videos

Внимателно со обликувањето на веѓите

Убаво обликуваните веѓи можат да бидат прекрасен украс на вашето лице, украс што ќе ги нагласи очите и ќе го истакне погледот, но ако претерате во нивното тенчење или задебелување со моливот, тие лесно можат да го расипат целосниот впечаток.

– Избегнувајте прекумерно скубење. Кога ќе ја постигнете посакуваната форма, оставете ги. Единствените влакненца што мора да ги отстраните се оние околу веѓите, што не се вклопуваат во нивната форма. Ако еднаш претерате со скубењето, многу тешко ќе им ја вратите нормалната форма.

– Не игнорирајте го природниот изглед. Многу жени се одлучуваат за скубење на завршетокот на веѓите и потоа ги дополнуваат со моливче што изгледа многу вештачки. Природниот лак на растот на влакненцата го следи вашето лице и затоа не смеете многу да го менувате. Доволно е само благо да ги обликувате.

– Внимателно со моливчето. Моливчето за веѓи е идеално со пополнување на празнините внатре во самиот лак на веѓата или за нијансирање на влакненцата со што би се постигнал посилен ефект. Но со моливчето не треба да исцртувате влакненца ниту да ја исправувате формата на веѓите. Освен што не изгледа природно, многу лесно може и да се размачка.