Search for content, post, videos

Како да ги згуснете трепките

Кога се трепките во прашање, многу жени се незадоволни со нивната густина и изглед, па честопати се одлучуваат за надградба или за вештачки трепки. Но поентата е да имате густи природни трепки, нели? А тоа можете да го постигнете со мала помош од следниот рецепт…

Основата на рецептот со кој ќе ги згуснете трепките е рицинусовото масло, но за да го поттикнете растот на трепките можете да додадете и пантенол, масло од чички и др. Во шишенце од стара маскара (претходно измиено) ставете рицинусово масло, масло од чички и пантенол. Со четкичката измешајте и секоја вечер пред легнување нанесувајте од смесата врз трепките. Рицинусовото масло и маслото од чички содржат хранливи материи што го поттикнуваат растот дури и на најизретчените места. Сепак најважно е да бидете упорна бидејќи резултатите не се толку брзи, но по извесно време ќе ја забележите огромната промена. Овој рецепт можете да го примените и на веѓите.