Search for content, post, videos

Заборавете на коректорот: проверен рецепт против подочници

Сигурно досега сте испробале многу кремови и препарати против здодевните темни кругови околу очите, но скоро сè било безуспешно. Но овој домашен рецепт не бара многу време за подготовка, а со резултатот сигурно ќе бидете презадоволни.

Потребни ви се жалфија, камилица и магдонос. Дали ќе одберете суви или свежи тревки зависи од вас. Од секое растение земете по половина супена лажица. Ставете ги во сад и прелијте ги со 200 мл зовриена вода. Покријте го садот и оставете да отстои 2 часа. Потоа течноста истурете ја во калапи за мраз и ставете во замрзнувач додека да добиете коцки мраз.

Употреба: наутро и навечер нежно бришете го делот околу очите со коцката мраз. За кожата поубаво да впие, немојте да го плакнете ниту да го бришете лицето. Веднаш по третманот подочниците ќе изгледаат уште потемни, но не грижете се затоа што кожата црвенее од студенилото на мразот. За неколку минути ќе се врати во нормала. Бидете упорна со третманот и набрзо ќе се ослободите од темните кругови и сосем ќе заборавите на коректорот.