Search for content, post, videos

Здраво лакирање

Лакирањето докажано негативно дејствува на здравјето на ноктите, но тешко можеме да се откажеме од него. Еве неколку совети за „поздраво лакирање“:

  • повремено направате пауза од лакирањето;
  • избегнувајте отстранувач на лакот што содржи ацетон бидејќи ацетонот ги исушува и уништува ноктите;
  • купувајте 3 free лакови што не ги содржат озлогласените толуен, формалдехид и дибутил фталат (DBP)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Толуенот е растворувач што се додава во лаковите за да се нанесуваат полесно. Високите дози толуен може да резултираат со лоши когнитивни тестови, иритации на очите и на горните дишни патшта. Долготрајното вдишување големи количини толуен може да доведе до деменција и оштетување на мозокот.
Формалдехидот служи за полиран изглед на ноктите и им дава цврстина. Тој е еден од главните алергени и предизвикувач на дерматитис.
DBP ја продолжува трајноста на лакот на ноктите. Истражувањата покажуваат дека негативно влијае на штитната жлезда и може да го оневозможи нормалниот развој на мозокот. Исто така лошо влијае на функцијата на црниот дроб и на метаболизмот. Истражувањата спроведени во Кореја покажале дека децата чии мајки биле повеќе изложени на фталати имаат помал IQ.

Нега на рацете

Цврстите и убави нокти секако поубаво изгледаат на негувани раце. Негувајте ги редовно своите раце. Заштитувајте ги од преголем студ и жештина, детергенти, киселини и други хемиски соединенија. Кога чистите задолжително ставајте ракавици. Ако кожата често ја изложувате на штетни состојки, тогаш редовно подготвувајте им купка од маслиново масло и лимон – така кожата ќе стане поотпорна.
Ако имате премногу суви и чувствителни раце, пред спиење намачкајте ги со маслиново масло и навлечете памучни ракавици за да дејствува маслото во текот на ноќта.