Search for content, post, videos

Краставица – свежо, здраво и освежително јадење

Зеленчук без кој не  може да се замисли нашата традиционална македонска салата, нашето убаво освежување во топлите денови и секојдневен член на трпезата на секое семејство.

Идеална за детоксикација – Мислењето дека краставицата нема никаква хранлива вредност е потполно погрешно, тврдат нутриционистите. Нејзиниот биолошки состав, кој го сочинуваат витамини и минерали, го покажува спротивното. Од витамини, краставицата е најбогата со витамин Ц, а ги содржи скоро сите витамини од групата Б и каротин. Од минерали, краставицата има многу фосфор, калциум, железо, манган и јод. Има малку натриум и многу калиум, поради што не треба да се соли за да не се наруши постоечкиот однос на овие два минерали. Поради ваквиот однос на натриумот и калиумот, краставицата претставува јако диуретско средство. Затоа овој вид зеленчук се препорачува при отежнато мокрење, при болести на срцето и бубрезите, како и против реума. Бидејќи краставицата ја раствара мочната киселина, корисна е за лица со камен во бубрезите и во мочниот меур. Со тоа што го поттикнува излачувањето на водата од организмот, краставицата помага и во излачувањето на отровните материи и го чисти организмот. Затоа, краставица треба да јадат и жените кои патат од целулит. Свежата краставица ја регулира работата на цревата и ја нормализира столицата.

Им се препорачува на дијабетичарите, бидејќи го намалува нивото на шеќерот во крвта. Краставицата им се препорачува и на лицата кои се склони кон дебелење, како диетална храна. Неупатените мислат дека младите плодови се подобри за јадење од зрелите, како што е случај со повеќето зеленчуци. Но, всушност тие се во заблуда, бидејќи незрелите краставици се потешки за варење, предизвикуваат надуваност на стомакот и создаваат гасови во цревата.

 

Краставица за здравје и убавина – Краставицата е прекрасна прехрамбена намирница, која може да се искористи за третмани за нега на убавината, особено во летниот период. Посебно во жешките денови таа дава прекрасен разладувачки ефект. Кога краставицата стана значајна како здрава храна во 19 век, не требаше да помине многу време за луѓето да заборават на оние медицински состојки кои отсекогаш биле добро познати пред сè за Грците и Римјаните, а потоа и за арапските лекари. Денес краставицата ја гледаме како извор на многу здрав сок, корисен заради своите состојки како поттикнувач на мокрењето и како дополнување на ефектите на сокот од целер и морков за ублажување на ревматските проблеми, додека истовремено е ублажувачки лосион за кожата.
Иако сокот од краставицата е најдобриот можен лосион за кожата, вреди да се напомене и дека самата лушпа, како и кората од лимонот секогаш треба да се зачуваат и да се употребуваат на рацете по користењето на силни средства за миење садови или многу врела вода. Краставицата исто така, е одличен ослободувач од стресот.

Добро е да се јадат краставици и против нервозна состојба, како и превентивно против создавањето на камен во бубрезите, посебно во салати, со магдонос и лук, умерено посолени. Таквата салата може да се зачини со маслиново масло (зошто покрај магдоносот е добро и за бубрезите), со кисело млеко или со јогурт. И едната и другата варијанта е добра заради елиминацијата на вишокот течности и на штетните отпадни материи од организмот.

Магичните својства на краставицата – Краставицата содржи најповеќе од витамините што секојдневно ни се потребни. Само една краставица ги содржи витамините Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, фолна киселина, витамин Ц, калциум, железо, магнезијум, фосфор, калиум и цинк.

Ако чувствувате замор во попладневните часови –оставете ги напитоците со кофеин и земете краставица. Краставицата е добар извор на Б витамини и јаглени хидрати кои брзо ќе ве „кренат“ и ќе се чувствувате свежи со часови.

Замагленото огледало после секое туширање поминете го со парче краставица по површината на огледалото. Замагленоста ќе ја снема и ќе почувствувате смирувачка миризба како да сте во спа-центар.

Ако штетници и полжави ја уништуваат вашата градина, ставете неколку парчиња краставица во алуминиумска чинија или фолија и во градината ќе немате повеќе штетници.  Хемикалиите во краставицата реагираат во допир со алуминиумот и оддаваат миризба што луѓето не ја чувствуваат,  но штетниците ги излудува!

Барате брз и лесен начин да го отстраните целулитот пред да излезете или да одите на базен, истријте ја кожата неколку минути со парче или две краставица. Фитохемикалиите во краставицата предизвикуваат   колагенот од кожата да се стегне и да се добие зацврснат надворешен слој што визуелно  ќе го скрие целулитот.  Одлична е и за борите на лицето.

Изедете неколку парчиња краставица пред да легнете и разбудете се свежи и без главоболка. Краставицата содржи доволно шеќер, Б витамини и електролити кои ги надополнуваат есенцијалните хранливи материи што организмот ги губи, вршат балансирање и нема да имате ниту мамурлак ниту главоболка.

Сакате да и одолеете на храната во попладневните или вечерните забави, јадете краставица. Краставицата со векови се користела (а ја користеле и европските трапери, трговци и истражувачи) како храна која бргу и квалитетно заситува.

За брзо да ги светнете чевлите, истријте ги со парче краставица и ќе добиете не само брзо и трајно светнување, туку и вода ќе одбиваат.

Корисна како средство за подмачкување. Со парче краставица истријте ја проблематичната шарка и  готово, шкрипењето го нема!

Кога сте под стрес ставете парчиња од цела краставица во сад со вода што врие. Хемикалиите и хранливите материи што ќе се разнесат во пареасоздаваат убава, смирувачка миризба која го намалува стресот .

Кога немате гума за џвакање, 30 секунди на непцето притискајте со јазик парче краставица. Фитохемикалиите ќе ги уништат бактериитекои го создаваат лошиот здив во устата.

Со парче краставица истријте ја извалканата површина на чешмата, садоперот или некорозивниот челик. Ќе ги снема со години наталожените нечистотии, ќе се врати сјајот, а краставицата нема да остави траги и нема да ви ги оштети прстите и ноктите.

Ако згрешите во пишување со пенкало, избришете ја внимателно грешката со кора од краставица. Одлично се бришат и трагите од креони и маркери што децата ги користат за „декорирање“ на ѕидовите.

Маска од краставица
Измешајте јогурт, вода од роза и рендана краставица, а потоа добиената смеса нанесете ја на лицето и оставете ја да дејствува 15 до 20 минути. Оваа маска помага во отстранувањето на исончаноста и му дава дополнителен сјај на вашето лице. Сокот од краставица е прекрасен тонер за кожата.

Краставица за очите – Исечете две тркалца и ставете ги врз затворените очни капаци. Со облогите од краставицата на очите одморете неколку минути. Ова ќе ви помогне да се ослободите од темните кругови околу очите и потечените очи. Исто така, ќе ви помогне да се ослободите од изморениот изглед на лицето.

Краставица против целулит – Краставиците се зеленчук со малку хранлива вредност и големо количество вода – околу 96 %.   Сто грама краставици даваат само околу 10 калории, па е мошне важен зеленчук во сите диети. Содржат значителни количества на витамините А и Б. Од минералите најмногу има магнезиум и железо, а нешто помалку калциум и фосфор, што е важно за развојот на забите кај децата. За јадење треба да се избираат плодови кои не се зрели. Младите плодови може да се користат без лупење, т. е. да се сечат со кората, бидејќи тогаш имаат значително повеќе витамин Ц. Краставиците се мошне здрави и корисни во борбата против целулитот.

Максимално користете ја краставицата како во секојдневното јадење, така и за сите намени кои ги има, а ги има многу.

Силвана Јованчева