Search for content, post, videos

Крем супа од грашок

Подготовка
Исечкајте го кромидот, ставете го во тава и динстајте го на малку масло. Во кромидот додајте го морковот кој претходно сте го исечкале ситно и динстајте уште неколку минути. Потоа, во тавата додајте ги компирите исечени на коцки и грашокот. Зеленчукот прелијте го со вода, доволно да го покрие. Најгоре ставете го магдоносот, па посолете и ставете малку бибер. Варете го зеленчукот околу 20 минути. Потоа, тавата тргнете ја од ринглата, па изматете ја смесата со електрична маталка за да стане мазна. Внатре додајте ја и хоплата, па вратете ја уште еднаш на ринглата за да зоврие. Супата послужете ја украсена со магдонос и павлака.

 

Потребно
1 главица кромид
1 морков
450гр грашок
300гр компир
1 китка магдонос
1 лажица зачинал
бибер, сол
200мл хопла (солена)