Search for content, post, videos

КВАНТНА ТРАНСФОРМАЦИJA

Квантната трансформација претставува делување-проширување на свесноста кое овозможува креирање на сопствениот живот. Свесно или несвесно, ние самиот го креираме нашиот живот. Нашите ставови, согледувања, убедувања, карактер од кои произлегуваат сите чувства, ја диктираат нашата реалност, создавајќи во нас „програм” кој на некој начин нѐ насочува во животот.
Овие наши ставови можат да влечат корен од преживеаните трауми во раното детство, уште од самото раѓање или, пак, од самиот наш зачеток. Но постојат и ставови на ниво на душата кои ги наследуваме во сегашниот живот од некои претходни животи како семејно наследство, а влечат корени од нашите предци, но постојат и ставови кои произлегуваат од колективната свест. Како што секоја личност има своја лична карма, така секое село, град или држава има своја карма која делува врз формирање на групната (колективната) свест. Потсвесните верувања често пати се спротивни на свесните и тие се главната причина за нашите психички и физички проблеми и заболувања. Сите наши фиксирани ставови и убедувања, во нас иницираат одредени чувства. Ние комуницираме со универзумот преку чувствата и емоциите (преку нашето срце), така што истите ни се враќаат во вид на наше животно сценарио. Но зошто е тоа така?

Електромагнетното поле на срцето е најсилно во нашето тело. Тоа поле, околу 5000 пати е посилно од полето на мозокот. Ние комуницираме со универзумот преку јазикот на нашето срце и преку нашите чувства. Ако во нашето срце чувствуваме љубов, мир и благодарност, тогаш се создаваат силни сигнали (вибрации) кои не само што имаат силно позитивно влијание врз нашето тело менувајќи ни го генетскиот код, туку тие сигнали се емитираат и во Универзумот, а одговорот од Универзумот доаѓа во вид на радост, среќа и благосостојба.
Квантната трансформација е практична примена на квантна физика во исцелувањето на луѓето. Основа на квантната трасформација е чистата свесност која всушност претставува ЧИСТА ЉУБОВ. Тоа е метода која при исцелувањето ја користи енергијата на љубовта. За да научиме како да ја користиме енергијата на љубовта, потребно е како прво да го зголемиме количеството на љубов кое го носиме во себе. Што добиваме со тоа? Се ослободуваме од деструктивните животни сценарија, го активираме самоисцелувањето, се ослободуваме од сите преживеани трауми, правиме чистење на телото и аурата, се ослободуваме од зависностите, ја зголемуваме нашата виталност, животна радост и енергија, стануваме покреативни, го подигаме имунитетот и стануваме личности со поголема самодоверба.
Матрикс
Модерната наука или квантната физика сѐ повеќе се сретнува со поимот духовност и го потврдува тоа што старите народи го знаеле уште пред илјадници години, а тоа е дека целиот Универзум е една нераскинлива Целина, дека севкупната материја е всушност енергија, односно светлина и информација. Квантната матрица (Матриксот) е едно биолошко информативно поле кое ја диктира нашата реалност. Квантната матрица ги содржи нашите мисли, чувства и животен пат. Многу од луѓето несвесно во себе ги носат своите убедувања и ставови кои ги спречуваат да живеат живот исполнет со радост, среќа и здравје. Но со помош на квантните бранови кои луѓето можат да ги создаваат во себе и да ги емитираат, можат многу побрзо да ги трансформираат овие свои несвесни убедувања, со што самите ќе придонесат да се промени нивната реалност.
Силвана Јованчева