Search for content, post, videos

Лековити својства на ротквицата

Ротквиците имаа многу лековити својства кои помагаат за подобрување на здравјето. Ротквиците содржат супстанции кои даваат лут вкус и остар мирис, па во исхраната најчесто се користи како додаток на салати и како зачин. Ротквицата е погодна како „аператив“, затоа што го подобрува лачењето на желудечните сокови и ја подобрува работата на цревата, а со самото тоа го подобрува и варењето на храната. Затоа, ротквицата се препорачува во исхраната кај лица со отежнато варење, помага при опстипација (затвор). Поради големата содржина на калиум, ротквицата е добар природен диуретик, односно го зголемува исфрлањето на течностите од организмот. Одност на калиумот и фосфорот во ротквицата е таков жто овозможува добро искористување на калциумот. Витаминот Ц од ротквицата помага во стварањето на колагенот, ја зголемува апсорпцијата на железото од цревата, го јакне природниот одбрамбен механизам на телото, го забрзува заздравувањето на раните, учествува во синтезата на невротрансмитерите во мозокот. Витаминот Ц е моќен антиоксиданс, кои ги исфрла од телото канцерогените слободни радикали. Истражувањата кои ги спровел „National Institute on Aging“ докажале дека витаминот Ц го зголемува нивото на „добриот холестерол“ – HDL (липопротеин со голема густина), кој од артериите ги отстранува мастите, па на тој начин го намалува ризикот од атеросклероза и срцев удар. Според тоа, ротквиците се и природен лек за превенција и лекување на кардиоваскуларните заболувања. Пигментот антоцијан, која ја дава бојата на коренот на ротквицата, го привлече интересот на научниците, поради своите лековити својства. Овој пигмент има антиканцерогено дејство и влијае на обновувањето на крвта. Истражувањата кои се спроведуваат со цел да се испитаат антиоксидативните својства, покажале дека појакиот интензитет на бојата на роткивицата го појачува и антиоксидативното дејкство. Антиоксидансите во исхраната се поврзани со намалувањето на срцевитге заболувања, некои видови на рак и со малкуларна дегенерација на окото. Свежиот сок од ротквица е стар народен лек, а помага при воспаление на жолчната кеса бидејќи го зголемува излачувањето на жолчката. За лекување на заболувања на жолчната кеса, сокот од ротквица се припрема на следниов начин: ротквицата се лупи, се ренда и се цеди сокот. Од ротквица со средна големина може да се добие 250 грама сок. Сокот се пие во текот на денот, околу 100 до 150 грама, поделен на помали дневни дози. По 4 до 5 дена, се препорачува да се направи пауза од 2 до 3 дена. Роткивицата треба да се зема подолго време, за да биде ефикасно нејзиното делување. Се препорачува и сок кој се приготвува од еднакви количини на ротквица и морков,, а се зема по една мала шољичка пред ручек. Ротквицата и свежиот сок од ротквица благотворно делуваат на излачувањето на слузта од дишните патишта, па се препорачуваат при бронхит, настинка, грип, инфекции на дишните патишта, кашлица. Сокот од ротквицата ја намалува и главоболката. Свежиот сок добиен од ротквицата, е стар народен лек, при воспалениот мочен меур. Поволно дејствува на излачување на слузта во дишните патишта, па затоа се препорачува на болни од бронхит, грип, дишни инфекции, и кашлица.

Лекува кожни проблеми… Благодарејќи на своите лековити состојки ротквицата е одличен лек за vitiligoдепигментација на кожата. 35-50 гр. Семки од ротквичка се мелат со 2 мали лажици оцет или сок од ѓумбир во блендер и вака подготвената смеса се нанесува на болното место од кожата два пати дневно. Оваа смеса вака подготвена кај редовната примена го обновува меланинот на кожата што значи дека  вашата кожа ќе ја поприми својата нормална боја.  За најдобар резултат користете ја оваа смеса најмалку шест месеци, секогаш свежо подготвена. Поради содржината на витамин Ц и Б комплекс, ротквичката се применува и кај други кожни проблеми.

Маска од изгмечени плодови од ротквичка е многу делотворно средство за чистење и хидратација на лицето и ги отстранува акните. Можете да направите и паста од листовите на ротквичака блендирани со малку вода и да ја нанесете како маска за лице. Прекрасно делува на кожата.

Сок од ротквица за подобрување на работата на цревата… Сокот од ротквица е старо народно средтсво за подобрување на работата на цревата…Овој сок помага против создавање на опстипација и отежнато варење на јагленохидратите. Пијте сок од ротквица пред јадење за  регулирање на работата на цревата. Ротквицата исто така го поттикнува излачувањето на жолчните киселини, ја нормализира работата на жолчката и ги ублажува хемороидите. Како природен диуретик го отстранува вишокот на течности од организмот. Ја ублажува болката и иритацијата при мокрењето, ги чисти бубрезите и го намалува ризикот од воспалување на уринарниот систем. Убаво е да се знае дека и црната ротквица која е од ист вид како и црвената е уште поделотворна во лекување на наведените болести, но не е толку вкусна како црвената ротквица. Ротквицата не се препорачува на лица ки имаат воспаление на слузницата,  чир  на желудник, како и лица со бубрежни  проблеми.

Сируп за искашлување – Состојки: 900 гр. Ротквици, 250 гр. Мед, сок од два лимона. Исечканата ротквица помешајте ја со медот и сокот од лимоните, ставете ја во стален сад, поклопете и оставете да отстои 24 часа на ладно место. Потоа процедете во стерилен сад и добро затворете. Пијте три пати дневно по една лажица пред јадење.

Силвана Јованчева