Search for content, post, videos

Летна храна за слабеење

Овошјето, зеленчукот и многу течности се основни елементи на летна исхрана, а со такво мени едноставно не може да се здебелите, можете само да одслабнете и ја подобрите својата фигура. 10 производи и јадења кои треба да ги вметнете во своето летно мени …

ЈагодиИако сезоната на јагоди е помината, сеуште можете да ги најдете и во замрзната форма. Затоа, препуштете се на ова здраво овошје преполно со моќни антиоксиданси. Бидејќи содржат лептин, хормонот кој го поттикнува слабеењето, јагодите го забрзуваат метаболизмот и помагаат при контрола на крвниот притисок и во борбата против дијабетес.

БоровинкиБогати со растителни влакна, антиоксиданси и витамини К и Ц, боровинките се одличен сојузник во борбата против мастите собрани околу стомакот, а исто така имаат и ефект против стареење. Не само како производ за слабеење, тие се препорачуваат и за оние кои имаат проблеми со меморијата и учењето, но и лица кои се борат против холестерол.

Ладна супаГаспачо е идеално летно јадење кое ќе ви помогне да ја намалите тежината. Здравата и освежувачка ладна супа пред главното јадење ќе ве засити и ќе допринесе да внесете помала количина на храна.

МагдоносОваа здрава намирница која изобилува со витамин Ц и антиоксиданси треба да биде честа состојка во вашите летни оброци.

Зеленчук на скараЛетото е сезона на скари. Заборавете на затворените кујни и забавувајте се на отворено припремајќи разноразни деликатеси на скара. А зеленечукот кој можете да ги нанижете на стапчиња во различни комбинации е одлично летно решение за вашето мени, особено бидејќи така подготвен ги задржува сите важни хранливи материи и сочни сокови. Малку маслиново масло, малку сол и бибер, и летниот оброк е подготвен!

ЛубеницаЛубеницата е овошна кралица на летото. Ова слатко освежување е безопасно за килограмите. Чувајте ја во фрижидер, а можете да ја јадете само така или од неа да направите шербет. Половина од лубеницата е вода, но тоа не е единствената нејзина состојка. Содржи витамин А и Ц, кои се одлични борци против болестите.

ТечностиНискокалоричните пијалаци се вашиот пријател во лето, кога дехидрираноста е честа закана. За време на високите температури ќе барате освежување во ладните напитоци, но подобро одберете вода или природни сокови, наместо газирани и други благи пијалаци.

СалатиПомеѓу изобилството од зеленчук и овошје не е тешко да се биде креативен, комбинациите на разни салати се безбројни. Здравата и богата салата може да го замени и главниот оброк. Кажете не на сосовите, бидејќи така во салатата зачинета само со маслиново масло, оцет или лимонов сок, ќе додадете многу калории кои не ги сакате.

Овошни десертиОвошје на 100 начини. Совршено! Желбата за благо можете да ја победите со овошни порции кои сигурно ќе имаат помалку калории од торти и чоколада.

Зелен чајЕдна од најновите студии покажала дека луѓето кои редовно конзумирале зелен чај и вежбале, изгубиле многу повеќе килограми како и маснотии кои се таложат околу стомакот, од оние кои не пиеле зелен чај. Причина за тоа е природниот флавоноид катехин, состојка на зелениот чај што го забрзува метаболизмот и го зголемува процесот на топење на масното ткиво. За летните горештини се препорачива ладен зелен чај. Здраво, а освежувачки!

Спремете се за летна храна, наполнете ги тањирите со свежо сезонско овошје и зеленчук и погрижете се да внесувате доволно количина на течности – посебно чиста вода и најважното уживајте во летото!.

Силвана Јованчева