Search for content, post, videos

Летна нега

Да бидете убава цело лето значи вистински да блескате секој ден. А тоа и не е толку едноставно – убавината значи комплетно негувана во секое време. Што да направите за да бидете постојано убава?

Време е да започнете со вистинската летна нега. Зашто сонцето веќе “напаѓа”. Се на вас станува кристално видливо, забележливо. Сакате да блеснете како горски кристал под сончевите зраци? Подгответе се за едноставна, но грижливо негувана убавина. Нега во топлите денови – Коса, кожа, нокти, лице… Внимавајте: на сите овие “мали” деталчиња морате да им обрнете многу внимание. Пред се, треба да ја доведете линијата до посакуваниот изглед. Основната нега во летните денови е заснована на многу влага (за да не дојде до исушување и лупење на кожата, но и на косата). Средствата со заштитен фактор треба да ви станат редовен препарат во чантата, но и хидрантните креми и лабелото.
Релаксирано лелеава коса – Време е да заборавите на фенот. Топлиот и сув воздух од фенот и летните горештини сосема ќе ви ја уништат косата. Заменете го фенот со топлиот летен воздух. Важно: потстрижете ја косата во онаа должина која ви е најлесно да ја одржувате во лето (незадолжителните куси фризури се секоја година голем летен хит). Избегнувајте ги средствата за стилизирање (гелови, восоци, лакови…) бидејќи на жешкото време само и тежат на косата. Практикувајте да ја носите “природна”. И не заборавајте – шапка. Шапките се неопходен моден додаток и најдобра заштита од сонце.
Совршено мазна – Редовно отстранувајте ги влакненцата. Нозете и рацете се најоткриените делови од телото во лето и затоа навистина делува многу невкусно ако се појавите некаде така влакнеста. Затоа никогаш не го одложувајте депилирањето. Напротив, тоа треба да ви е приоритет пред да се разголите, а потоа редовно да го практикувате. Бидејќи имате голем избор, самата одлучете се за восок, депил крема или бричење. Депилацијата со восок е идеална, но бара малку повеќе време и внимателно ракување поради можни изгореници (ако не знаете да ја процените топлината на восокот, лесно може да се изгорите и да ви останат дамки на кожата). Но позитивноста е во тоа што по депилацијата ќе бидете “мирна” три недели. Ако не можете сама, најдобро е да отидете во некој козметички салон и да ве издепилираат професионално. Но денес постојат и многу препарати за депилација на база на ленти со восок кои се многу едноставни за ракување. Депил кремите се еден од наједноставните начини за отстранување на влакненцата, но резултатите се краткотрајни (по 3-4 дена влакненцата повторно почнуваат да растат). Сепак се многу практични затоа што се едноставни за употреба особено кога сте на летување. Сепак голем број жени и покрај илјадниците начини за депилација се уште го користат бричот. Иако и оваа постапка е многу куса, влакненцата почнуваат да растат веќе по 2 дена. Но за разлика од случаите кога се користи депил крема, во овој случај влакненцата растат погусти и поцврсти. Средете се и уживајте!

Силвана