Search for content, post, videos

Лето во боја… шарено како лижавче!

 

 

Само во лето можете да си дозволите вакви луди, впечатливи и измешани бои… Едноставно искористете ја можноста и боите на лижавчето употребете ги на лицето. Ќе се изненадите од ефектот.

Виолетово, жолто, зелено…. Летниот мејкап чантичка дозволува дури и вакви бои, кои наликуваат како да се пресликани од лижваче. Па така во летните вечери можете да си дозволите и зелен лак на ноктите и виолетова сенка, сето тоа дополнето со многу жолто…. можеби додека читате се ви изглед амногу кич, но не е така…. лето е и најважно од се е да ја продолжите негата на своето лице и да научите да носите и малку поексцентрични и весели бои на лицето. Но доколку не се осмелувате, тука е неодминливата пастелна летна шминка.

 

 

Капење во сончевина
Тен како измиен во сончевина е идеална подлога за бронзен, летен мејкап. Само неколку стратешки движења и ќе се претворите во чоколадна дива!
Веќе по првите неколку дена сончање лицето ви е благо потемнето и добива симпатичен јантарен тон. За исончаниот изглед да биде навистина потполн, истакнете го и со соодветен мејкап: за едноставниот и скромен мејкап да го претворите во блескава верзија, соодветна дури и за излегување, доволни ви се неколку стратешки движења. Најважно е да подготвите лесна подлога која ќе го нагласи потемнетиот тен и воедно ќе ја изедначи бојата на кожата. Потоа можете да си поиграте со нијансите и со мешањето бои, а не заборавајте и неколку златни акценти.
Лице: за подлога одберете течна пудра во бакарен тон. Ако кожата ви е исушена од сонцето измешајте ја пудрата со неколку капки хидрантно млеко, а ако имате многу мрсна кожа, тогаш пудрата измешајте ја со малку гел за лице. На јаболчниците наместо руменило во розови и црвеникави нијанси, нанесете теракота боја руменило.
Усни: за дневен изглед користете кармин со сјај кој се прелева, а за навечер нанесете малку пудра, но за еден до два тона потемна од онаа што ви е на лицето. Потоа со помош на прстите земете малку посветла пудра (може д абиде и светликава) и нанесете ја само на средината на усните. На тој начин ќе создадете игра на волумен.
Очи: за дневен изглед идеални се мат сенките во прав, во кафеави или кремасти тонови, а можете д аодберете и боја на карамел. Навечер многу подобро изгледаат светликавите сенки.
Нокти: Лакот со бисерен или метален одблесок ќе го одбележи и нагласи секое движење на раката, а воедно и ќе го истакне потемнетиот тен.

Танцот на боите
Ако се држите до правилото дека нагласените очи не се комбинираат со силно нашминкани усни и обратно, нема место за паника дека ќе изгледате лошо. Затоа искористете ја можноста за танц со боите.
Вистина е, летото не трпи тешка шминка, но тоа не значи дека воопшто нема да се шминкате. Напротив, пуштете ја фантазијата и поиграјте си со боите правејќи го она што зиме не би ви паднало ни на памет. Дури и козметичките куќи за ова лето одбраа цел спектар бои. Тие нагласуваат дека за оние построгите, дозволени се кафеавите и бронзени тонови, но за оние со послободен и ведар дух задолжителни се весели и разиграни бои.
Хит комбинација: на капаците нанесете најнеобична комбинација бои, на усните интензивно – розов сјај за усни, а на образите портокалово руменило. Ако пак сметате дека силно и нагласено нашминкани очи не се комбинираат со исто така нагласени усни, тогаш предност дајте им на очите. Или пак, измислете несекојдневна “креација” за усните. Нема да згрешите – па лето е!

Шаренило на ноктите
Додека храбро чекорите со сандалчињата кои откриваат с# на вашата нога, не заборавајте да ги “нашминкате” и ноктите. Па тие се сега вашето второ лице, заедно со ноктите на рацете. Пред да почнете со украсувањето не заборавајте да ги подготвите – задолжително одете на педикир. Што се однесува до ноктите на рацете, погрижете се за должината. Иако не постои правило за тоа колку треба да бидат долги, внимавајте долгите нокти да не изгледаат премногу евтино. Сосема кратките нокти можат да бидат еднакво предизвикувачки како и долгите но само ако ја одберете вистинската боја. Иако на улиците веројатно многу често сретнувате девојки со француски маникир на ноктите на стапалата, немојте да се водите по нивниот пример.
Долгите нокти на нозете, особено кога се нагласени со бел лак изгледаат едноставно невкусно. Многу подобар избор се кратки нокти налакирани со интензивен лак, како на пример во боја на циклама или во различни бои. Одличен и секси избор и понатаму се ноктите во боја на темна вишна, но нема да згрешите ни со интензивно црвена.
Ноктите можете да ги декорирате со разни украси, но кога ќе го правите тоа сетете се на поговорката дека “помалку е повеќе”. И на крајот еден мал трик: ако имате заоблени нокти оптички ќе ги издолжите ако лакот не го нанесувате сосема до рабовите.
И запомнете: ако очите се огледало на нашата душа, тогаш ноктите покажуваат колку се грижиме самите за себе.