Search for content, post, videos

Лидери за иднината

На 28.10.2023 година во просториите на Фондацијата “Никола Кљусев” се одржа третиот заеднички и финален модул на Политичката академија насловен како “Лидери за иднината” организиран од Фондацијата “Конрад Аденауер” и ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ во соработка со партнерите од ИФЕС со поддршка на Швајцарската агенција за развој, Меѓународниот републикански институт и Националниот демократски институт. Настанот на кој свои презентации одржаа Маја Кадиевска Војновиќ, Горан Здравковски и Даме Димитровски претставува удел во континуираната поддршка кон градење одржлив развој во државата, поттикнување на младите политичари и нивна подготовка за водење на процесите на напредок во државата. Академијата опфати вкупно 6 модули, 18 работни денови, над 120 работни часа, 25 учесници, над 35 предавачи и експерти. Фондацијата “Никола Кљусев” и во иднина ќе продолжи да го поддржува развојот на младите луѓе кои ќе креираат успешни политики од корист на граѓаните и општеството и ќе носат правилни одлуки, базирани на знаење, искуство и информации.