Search for content, post, videos

Лиснат колач со јаболка

Подготовка:
1. Изрендајте пет јаболка и посипете ги со лимонов сок за да не потемнат. Додајте 2 лажици шеќер и цимет по желба. Потоа, динстајте ги на тивок оган. Додајте ја рендараната кора од лимонот и портокалот и две пакетчиња ванилин шеќер, па и сокот од портокалот. Мешајте на тивок оган околу 10 минути.
2. Лиснатото тесто ставете го во округла тава, претходно обложена со хартија за печење. Врз него ставете ги изладените јаболка и печете во рерна околу 10 минути. Останатите јаболка исечкајте ги на тенки парчиња и распоредете врз динстаните јаболка, па посипете ги со една лажица шеќер.
3. Загрејте го малку џемот во кој ќе додадете еден ванилин шеќер, 1 лажица шеќер, уште малку цимет и сето тоа ставете го врз тестото со јаболка и печете уште 15 минути. Се служи топло со топка сладолед од ванила, а може да се послужи и студено, без никакви додатоци.

Потребно:
7 јаболка
4 лажици шеќер
3 ванилин шеќер
малку цимет
1 лимон (кора и сок)
1 портокал (кора и сок)
3 лажици џем од јаболка
400гр лиснато тесто